Одржувањето на изборите е неопходно, бидејќи системот на техничка влада е неодржлив, истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
Манчевски додаде дека одговорноста во врска со ширењето на коронавирусот е на сите, на неодговорни граѓани, неодговорни верски заедници, а особено на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој реши дека нема да казнува за непочитување на мерките за заштита.
Да имавме функционално Собрание, Чулев одамна ќе беше сменет и тоа е уште една причини зошто треба да има избори….Ние, не тераме политика со болеста, таа е состојбата, тие се бројките, а од друга страна Мицкоски до вчера беше загрижен за здравјето на граѓаните, а сега ги повикува да излезат на гласање. Христијан Мицкоски се соочи со реалноста, се соочи дека не може повеќе да бега од избори и изнајдовме сили да заврши оваа неиздржлива политичка голгота“, истакна Манчевски.
Тој рече дека е разочаран од постапките на претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, кој со несвикување на состанок на ДИК го прекрши изборниот закон и запраша кој сега треба да му поднесе кривична пријава.