„Еден ден пред да ги укинеме рестриктивните мерки, ВМРО ДПМНЕ на прес повика да се укинат строгите мерки. Значи прво ВМРО ДПМНЕ повика, а потоа изјавува дека токму укинувањето на тие мерки направиле катастрофа. Сите економски мерки кои ги преземаме со помош за работниците, невработените, младите… ја поттикнуваме економијата, а ВМРО ДПМНЕ вели дека правиме поткуп. Е па како да ја мотивираме економијата, ако не ги помогнеме граѓаните и фирмите? Тоа се неконзистентните ставови на ВМРО ДПМНЕ.“- коментираше Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ на телевизија Телма.
Тој праша како може да е поткуп помошта за граѓаните за справување со економските последици.
„Поделивме плати во многу компании, потоа имавме помош кон стопанството со бескаматни кредити, се спроведуваа и друг тип мерки, особено за намалување на трошоците на фирмите, како и на медиумите. Воведовме ваучери за домашни производи, воведовме финансиска помош за туризмот, значи има редица мерки кои се сите донесени преку економскиот совет за владата, каде има преставник и ВМРО ДПМНЕ, Трајко Славевски, и не знам поинклузивен процес од овој. Од една страна ВМРО ДПМНЕ вели дека многу се задолжуваме, а цел свет е во трка по пари. Паралелно ратите за кредитите се одложени, нема извршители.. а ВМРО ДПМНЕ критикува што се задолжуваме, а вели дајте повеќе пари, тоа е контрадикторно и не оди едно со друго.“- рече Манчевски.