ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Генералот и пеперугата” нов роман на Луан Старова

June 17, 2020 11:10
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

-Во издание на МАНУ,  деновиве излезе од печат новиот роман на академик Луан Старова „Генералот и пеперугата”.

Ова, најново дело на Старова, е вон повеќетомната ,,балканска сага’’ , со која Старова постигна видна афирмација во земјата и светот. Како мото, во романот не воведува мислата на Ромен Ролан: “пред бездната на смртта беше спасен од крилјата на пеперугата”.

Авторот во делото ја обаботува тематиката е од Првата светска војна, во кое, се посочува, Старова настојува низ поширок романескен зафат, да проникне во судбината на Македонија и нејзиното поблиско опкружување во текот на Големата војна, еден од најголемите воени судири на човештвото.

Во поговорот кон делото познатиот филозоф и писател Ферид Мухиќ го издвојува сегментот кога „воден од незапирливиот интуитивен – внатрешен глас! – дека на сртовите на планината Галичица ќе го најде мистериозниот примерок на легендарниот, речиси митолошки вид пеперуги, во својот научнички занес германскиот генерал Фриц Дагмар го игнорира фактот дека токму тука е поставена линијата на разграничување на фронтот; ја пречекорува оградата од боцкав тел, на која ја здогледал бараната пеперуга, и трча по неа влегувајќи на територијата зазедена од француската армија. Успева, на своја огромна радост, да ја фати мистериозната пеперуга, но не успева, на негова жалост, да им избега на војниците од француската гранична патрола”.

-Благодарејќи на оваа брилијантна драматуршка инверзија, романот “Генералот и пеперугата” прераснува во вистинска енциклопедија на хуманоста, во која идеите и концепциите карактеристични за времето (Првата светска војна) во кое се случува дејствието на романот вонредно успешно, што значи дискретно и ненаметливо, но суверено и уверливо, се надоврзуваат на современите научни сознанија и актуелните состојби во светот, истакнува Мухиќ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Спасовски: Договорот од Преспа го расчисти и забрза патот на нашите евро-атлантски аспирации

НАЈНОВО

Скриншот

Зграда се урна во Мадрид за време на реновирање, пожарникарите бараат преживеани

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Трошоците на животот намалени во септември, инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,0 отсто

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марина Абрамовиќ со контроверзна претстава „Balkan Erotic Epic“: Ова не е порнографија, ова е нашата историја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk