ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Договорот од Преспа го расчисти и забрза патот на нашите евро-атлантски аспирации

June 17, 2020 11:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Договорот од Преспа стави крај на тридеценсикиот проблем со Грција и ги постави основите за нашата подобра и посакувана иднина уште од независноста на земјата – членство во НАТО и забрзување на ЕУ-интеграцијата на земјата, истакна премиерот Оливер Спасовски денеска на одбележувањето на двегодишнината од потпишувањето на Договорот.

-Денеска се навршуваат две години од потпишување на Договорот од Преспа. Со нашиот сосед Грција постигнавме решение за речиси тридецениското отворено прашање и се поставија основите за нашата подобра и посакувана иднина уште од независноста на земјата. Договорот од Преспа е голема победа на дипломатијата и на Северна Македонија затоа што се расчисти и забрза патот на нашите евро-атлантски аспирации. Нашата земја стана членка на НАТО, а ЕУ, и во услови на КОВИД-19 пандемијата, ја подготвува преговарачката рамка за нашето членство во ЕУ, стои на фејсбук профилот на Спасовски.

Постигнавме, додава тој, историско решение за меѓународна афирмација на нашите стремежи и за реализација на нашите стратешки цели. Да бидеме дел од семејствата држави со силен економски развој и просперитет, со потврден македонски идентитетот.

-Македонскиот јазик или македонскиот народ повеќе не се спорни пред ниту еден меѓународен форум или настан. Свои сме на своето, признаени од сите во меѓународната заедница. Со Грција ги отворивме страниците на пријателство. Чекориме на пат како партнери во двете најсилни и највлијателни организации. Го урнавме ѕидот што не делеше и издигнавме пријателство меѓу двете земји и двата народи, пријателство кое како сојузници ќе го чуваме, негуваме и унапредуваме, порача Спасовски на фејсбук профилот.

 

Next Post

Димитров: Со потпишувањето на Преспанскиот договор покажавме дека чудата се возможни

НАЈНОВО

Натпреварите од првото премиерлигашко коло ќе започнат со минута молчење во спомен на Жота

August 13, 2025

Шпанија дава подрршка на предлогот на Макрон за мисија на ОН во Газа

August 13, 2025
Андреј Жерновски. Фото: ФБ

Паника поради падот од 130.000 гласа

August 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мегваер: Реалноста е дека не сме најдобриот тим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен скопјанец, фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода за да гасне пожари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Табуа и тотеми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk