Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во пост на социјалните мрежи сподели интересен факт за потеклото на името на идниот граничен премин со Република Грција кај Преспа – „Маркова нога“.
Зошто идниот граничен премин со Грција во преспанскиот регион ќе се вика Маркова нога?
Легендата вели дека на овој камен близу границата стапнал Крали Марко и оставил отисок што и ден денес јасно се гледа.
Благодарам Живко Гошаревски за интересното споделување, напиша министерот Димитров.
А. Н. С.