ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ципрас: Докажавме еднаш засекогаш, во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени

Грција се најде на правилната страна на историјата. Тоа го покажуваат во пракса дури и оние кои се бореа против договорот. Оние кои говореа за „предавства“ и „национални отстапки“. Оние кои чекореа заедно со националистите и златнозорците.

June 17, 2020 20:45
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Докажавме еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени. Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој, пишува лидерот на СИРИЗА и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на неговиот официјален „Фејсбук“ профил по повод две годишнината од Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

-Пред две години се сретнавме во Преспа, онаму каде што низ историјата поминаа победници и поразени, триумфатори и трагични херои. Им се обративме на нашите народи, на народите од Балканот кои се бореа за слобода, но беа измачувани и се измачуваат од отровот на националистичката омраза, на меѓународните конфликти и братоубиствените војни. И докажавме еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени. Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој, пишува Ципрас.

Во неговата објава, Ципрас ја коментира и позицијата на актуелната грчка Влада, која како опозиција беше против Договорот од Преспа, истакнувајќи дека „историјата им оддава чест на оние кои што ја пишуваат, а не на оние кои се влечат зад неа“.

-Грција се најде на правилната страна на историјата. Тоа го покажуваат во пракса дури и оние кои се бореа против договорот. Оние кои говореа за „предавства“ и „национални отстапки“. Оние кои чекореа заедно со националистите и златнозорците. Истите оние кои денес говорат со најдобри зборови за односите на земјата со Северна Македонија и улогата на земјата во заживувањето на европската перспектив на Западен Балкан, во најтешкиот момент. Историјата им оддава чест на оние кои што ја пишуваат, а не на оние кои се влечат зад неа, напиша Ципрас на „Фејсбук“.

Next Post

Бирнз на Твитер: Преспанскиот договор, пример за светот како се надминуваат различностите за подобра иднина

НАЈНОВО

Instagram

(ВИДЕО) Од какао до ремек-дело: Чоколадната уметност на Амори Гишон

August 13, 2025

Лазарини: Повеќе од 40.000 деца беа убиени или ранети во израелските напади

August 13, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Зеленски по состанокот во Берлин: Мојот став за присуството на украинските војници во Донбас останува непроменет

August 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Андреј Жерновски. Фото: ФБ

    Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Билјана Ивановска независна кандидатка за градоначалничка на Центар поддржана од Платформата „Независни заедно“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ најави дека не може да се кандидира на следните избори и „не му паѓа на памет“ да го менува Уставот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен скопјанец, фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода за да гасне пожари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk