Професор и поранешен директор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, претседател на месна партиска канцеларија, се дел од „земјоделците“ што денеска протестираа против владата. Партијата што делеше милиони на својата партиска војска, под изговор дека го развива земјоделството, не успеа да ги изманипулира земјоделците ни денеска. Затоа, мораа да ги мобилизираат своите партиски војници и сениори од градските партиски редови.
„На лицемерието му нема крај“ – изјави за ФРОНТЛАЈН еден постар член на партијата, разочаран од политиките на партијата во која членува од средината на 90-те – „Веќе одамна не ја препознавам мојата партија. Со ваква политика, нема никаде да стигнеме.“
Џ. Дерала