Во пресрет на почетокот на предизборната кампања за закажаните парламентарни избори на 15 јули, лидерот на СДСМ, Зоран Заев уште еднаш убеди во безбедноста за која се залагаат, за предизборието и за деновите кога ќе се спроведува гласањето.
Уште пред да биде сигурен датумот за изборите, СДСМ како одговорна партија одлучија сите предизборни активности да ги сведат на нови алтернативни начини на кампања и една од првите одлуки во таа насока беше откажувањето на сите партиски митинзи и големи собири.
Во услови на глобална пандемија на коронавирусот, ќе одржиме безбедна кампања и 100% безбедно гласање на 15 јули.
Нашата кампања ќе биде без митинзи, големите собири и сите потенцијално ризични настани, ќе бидат заменети со нови алтернативни начини на кампања.
Сите настани ќе се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани, стои во постот на претседателот на социјалдемократите, Зоран Заев.
А. Н. С.