Ватикан ги повикува католиците и приватниот сектор „напредно и без одлагање“ да отстапат од охрабрувањето на производителите на фосилни горива и други ентитети кои ги поттикнуваат климатските промени, се вели во текст на CNN.
Во објава на папата Франциск, тој вели дека отстапувањето е најдобра одлука и за членовите на црквата и работниците. Папата вели дека „при транзитирањето од употребата на фосилни горива можат да се користат помалку штетни алтернативи“ и ги повика побогатите земји да помогнат со финансирање на трошоците за да не паѓа непропорционално финансискиот товар на посиромашните земји.
Градењето на безбедни, пристапни, сигурни и ефективни енергетски системи базирани на извори на обновлива енергија, ќе направат да може да се одговори на потребите на најсиромашните народи и истовремено ќе го намали глобалното затоплување, вели папата.
Папата ги повика католиците да избегнуваат „да ги поддржуваат компаниите кои се штетни за човечката и социјалната екологија“, како што се произведувачите на оружје, спроведувачите на абортус и индустријата за фосилни горива.
На официјалната страна на Ватикан, папата, исто така, повикал емисијата на јаглероден диоксид да биде даночена.
Ваквата објава на Ватикан доаѓа откако минатиот месец над 40 верски организации од 14 држави соопштија дека отстапуваат од користење фосилни горива, што, според католичкото онлајн издание Крукс е „најголемото досега заедничко обраќање на религиозни организации“.
Лани имаше рекордна емисија на јаглероден диоксид. Во 2019, светот „испумпал“ 37 милијарди тони јаглероден диоксид, водени од побарувачката за нафта и природен гас, според годишниот извештај на меѓународната иницијатива фокусирана на одржливост, Global Carbon Project.
Сепак, затворањата на цели градови низ светот со цел спречување на ширењето на коронавирусот, ги намалија штетните емисии, истражувачите проценуваат дека на годишно ниво емисијата на јаглероден диоксид може да падне меѓу 4.4% и 8%. Со тоа би се забележал најголем пад на годишно ниво по Втората светска војна, велат резултати од истражувањето објавено во мај.
A. Н. С.