ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Донесен првиот возрасен пациент во детската болница Козле

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ располагаат со 70 легла, од кои 15 се наменети за деца. Во него ќе бидат сместени возрасни пациенти со полесна или средна клиничка слика. Институтот располага со кислородна линија, но нема респиратор, кој е потребен за потешките случаи.

June 21, 2020 18:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле денеска го прими првиот возрасен пациент позитивен на вирусот КОВИД-19, а хоспитализирани се и две деца кои се позитивни.

– Денеска го примивме првиот возрасен пациент. Се работи за 61-годишен маж, кој кај нас беше испратен од „Аџибадем Систина“. Нему во таа клиника му било направено серолошко тестирање, кое покажало дека е позитивен на вирусот. Но, бидејќи тие тестови не се препорачуваат за идентификација на заразата, утре ќе му направиме ПЦР-тест, за да утврдиме со сигурност дали пациентот е инфициран или не, вели за МИА д-р Ангелко Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Тој информира дека денеска во Институтот биле хоспитализирани и две деца позитивни на коронавирусот. Децата во Институтот биле испратени од граничниот премин „Табановце“, а тестови им биле направени во Ниш. Нивните родители се негативни.

– Се работи за две деца, едното на четири и пол годишна возраст, а другото двегодишно. Тие се асимптоматични случаи. Немаат температура, немаат никакви симптоми. Ќе им направиме уште еден тест, па ќе ги пуштиме на домашно лекување, вели д-р Андоновски.

Во овој Институт досега биле направени 350 тестови на деца и биле откриени шест случаи на позитивни на коронавирусот. Шесте деца биле со лесна клиничка слика и сите се во одлична здравствена состојба. Д-р Андоновски вели дека децата лесно го минуваат вирусот, кој може да биде опасен само ако детето има некое заболување, како на пример астма, ХОББ, тешка анемија и друго.

– Досега во цела држава се откриени 200 деца позитивни на коронавирусот, на возраст од 0 до 19 години, вели д-р Андоновски.

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ располагаат со 70 легла, од кои 15 се наменети за деца. Во него ќе бидат сместени возрасни пациенти со полесна или средна клиничка слика. Институтот располага со кислородна линија, но нема респиратор, кој е потребен за потешките случаи.

Д-р Андоновски вели дека Институтот е подготвен уште пред четири месеци да одговори на потребите за третман на пациенти заразени од коронавирусот. Тимот во „Козле“ се зајакнува со дополнителен персонал од лекари, осум интернисти и двајца професори од Инфективната клиника.

Покрај на Инфективната клиника и болницата „8 Септември“ која функционира како КОВИД-центар во Скопје, сомнителни и заболени пациенти со коронавирус се лекуваат и во болниците во Куманово, Тетово, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, а се подготвува и КОВИД-центар во Кавадарци./МИА/

Next Post

Операторите почнаа со најавените прекини во програмите, опфатените корисници ќе добијат намалени сметки

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk