Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, со реакција укажа дека со денешната постапка за прекин на реемитување на програмите од страна на операторите во земјата, се прекршуваат неколку членови од Законот за електронски комуникации.
Според овој член правните лица т.е операторите смеат да ја прекинат програмата единствено ако за истото ја информирале Агенцијата и најавиле дека планираат реконструкција, модернизација, одржување или санирање на технички пречки или недостатоци во мрежата.
Прекините во тие случаи не смеат да бидат подолги од половина час, за што операторите претходно треба да ги имаат информирано и своите корисници.
Со оглед на тоа што во конкретната ситуација не станува збор за никакви реконструкции или санирање технички пречки, операторите ќе бидат санкционирани според членовите 182 и 186 од Законот за електронски комуникации, вели Манчевски во пост на Фејсбук.
А. Н. С.