По цели 3 месеци, претседателот на САД, Доналд Трамп доби дозвола за да организира митинг во рамките на неговата кампања за втор мандат. Митингот се одржа во Тулса, а иако беше најавена огромна посетеност, салата со капацитет од 19.000 одвај била исполнета, стои во текст на YahooNews.
Настанот во Тулса, Оклахома, беше најавуван како почеток на кампањата и според тоа колку луѓе се пријавиле дека ќе присуствуваат, дури и самиот Трамп сподели оптимистички твит дека резервирани биле речиси милион билети.
Almost One Million people request tickets for the Saturday Night Rally in Tulsa, Oklahoma!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 15, 2020
Сепак, на денот на одржувањето, во салата со капацитет од 19.000 се гледало дека посетеноста на настанот е исклучително мала. Причината за тоа е најверојатно замешаноста на корисниците на социјалната мрежа ТикТок, заедно со фанови и следбеници на К-поп кои резервирале билети за настанот со цел да го исмејат претседателот.
This is what happened tonight. I’m dead serious when I say this. The teens of America have struck a savage blow against @realDonaldTrump. All across America teens ordered tickets to this event. The fools on the campaign bragged about a million tickets. lol. @ProjectLincoln.
— Steve Schmidt (@SteveSchmidtSES) June 20, 2020
Стив Шмит на Твитер пиша „Ова се случи вечерва. Мртов сериозен сум кога ви велам. Американските тинејџери му зададоа удар на Трамп. Тинејџерите низ цела Америка нарачале билети за настанов. Наивните од кампањата се фалеа со милион билети“.
A. Н. С.