ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Деркоски за измените на Уредбата за избори: ДИК ќе мора да се приспособи, се надевам ќе нема многу негативни последици

За гласање на луѓето што се во изолација ќе има посебни избирачки одбори со најмалку тројца здравствени работници и претставници на политички партии.Тие ќе имаат посебна заштитна опрема кога ќе одат во домот на заразеното лице. И за нив има регистрација, исто како за болните и немоќните лица кои гласаат наредниот ден.

June 23, 2020 21:24
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси 20 отсто од избирачките места се променети локациски со цел да се обезбедат поголеми простори на денот на изборите. Притоа, се почитува законот и тоа не е подалеку од три километри за урбани средини и не повеќе од пет километри за рурални, рече Оливер Деркоски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК).

Во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма Деркоски рече дека интензивно се работи да се обездедат што повеќе избирачки места соодветно големи и проветрени и дека околу 3000  ќе бидат соодветни на условите и потребите. Остануваат оние што се под закуп од приватни сопственици, кои се со мал број гласачи и за нив, рече тој, ќе се обидат да бидат на отворен простор.

За гласање на луѓето што се во изолација ќе има посебни избирачки одбори со најмалку тројца здравствени работници и претставници на политички партии.Тие ќе имаат посебна заштитна опрема кога ќе одат во домот на заразеното лице. И за нив има регистрација, исто како за болните и немоќните лица кои гласаат наредниот ден.

-Бројот на лица кои се во самоизолација, веројатно, ќе биде многу помал наредниот период, а пријавувањето е овозможено до 8 јули, пет дена пред да гласаат односно седум дена пред 15 јули – основниот ден на гласање. Од она што го слушнавме денес, веројатно ќе нема лица во карантин,  дотогаш ќе истече карантинскиот рок од 14 дена.  Проблем се активните заразени случаи кои во моментов се околу три илјади, што значи дека најмалку две илјади гласања ќе имаме кај тие лица. Имаме капацитет и за тие лица, но тоа значи голем напор за тие избирачки одбори затоа што при секое гласање ќе треба да ја менуваат облеката кога ќе излезат од домот на заразениот, рече претседателот на ДИК.

Апелираше побргу да им се достави заштитна опрема за избирачките одбори за да може навремено ДИК да ги достави до општинските изборни комисии, а тие потоа до одборите. Тоа се околу 35 илјади луѓе, рече Дерскоски, и не е мал број за тоа да се организира.

Во врска со најновите измени на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите, кои беа усвоени вчера на Влада, Деркоски  оцени дека е некоректкно „правилата да се менуваат во 5 до 12“.  Направени се, рече, премногу правни комбинаторики, нарушен е основниот принцип за фер пристап и еднаквост на сите учесници во изборниот процес и тоа, како што рече, веројатно многу и ќе влијае на процесот.

-Се надевам дека ќе нема многу негативни последици. Меѓутоа, ќе мора да се прилагодиме на оваа ситуација и како претседател на ДИК мора да го водам процесот и да го истерам до крај. Сè уште го имам истиот став за уредбите со законска сила и нивната важност и околу потребата од повторно организирање на сите изборни дејствија заради заштита, пред се, на легитимитетот на процесот. За жал, убеден сум дека ќе има обиди овој процес да се делегитимира од доста страни во наредниот период. Се надевам  дека нема да се доведеме во ситуација еден ден да дочекаме одлука на Уставен суд со која ќе се поништат одредени дејствија на процесот, рече претседателот на ДИК Деркоски.

Со измените на Уредба, кои беа донесени синоќа, се регулираат правилата за платено политичко рекламирање за политичките партии, начинот и правилата за распределбата на финансиските средства за рекламирањето обезбедени од Буџетот согласно член 76-д од Изборниот законик.

Next Post

Откриен изворот на загадување во реката Брегалница

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk