ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бабовски: Со ИПАРД средствата се развива домашната економија и се отвораат нови работни места

June 24, 2020 13:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Компанијата „Којаконеја“ е пример дека со користење на мерките и средствата од ИПАРД програмата сериозно се влијае на развојот не само на домашната економија и на модернизација на претпријатието, туку и на развојот на руралните средини и на отворање нови работни места.

Ова го истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој, Николче Бабовски, кој денеска ја посети оваа компанија што е корисник на средства од ИПАРД Програмата.

Агенцијата, како што истакна Бабовски, води сметка корисниците на мерките и програмите кои се реализираат да добијат целосна поддршка, со цел реализација на квалитетни проекти кои ќе произведат производи со додадена вредност, а со тоа според него, директно ќе влијаат и на домашниот бруто производ, во моментов кога светот ги трпи последиците од корона кризата и кога ни е најмногу добредојден.

Тој ги информира сите корисници од програмите и мерките од ИПАРД програмата дека со престанокот на вонредната состојба, односно веќе од вчера продолжиле да течат сите рокови на преходните отворени повици по ИПАРД 2 програмата, а за кои Владата во април преку уредба ги ставила во мирување заради пандемијата со кoронавирусот.

– Ова значи дека од овој момент продолжува да тече и процесот за поднесување на апликации за мерка 1, инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства од ИПАРД 2 програмата, и новиот продолжен краен рок за доставување на апликациите за мерка 1 е до 3 август 2020. Апликантите кои претходно имаат склучен договор и чиј договор за реализација на инвестиција истекува во време додека траеше вонредната состојба спгласно уредбата со законска сила за примена на законот за основање на Агенцијата имаат рок од дополнителни 60 дена по завршувањето на вонредната состојба да ги реализираат инвестициите, рече Бабовски.

Тој додаде дека сите оние на кои роковите за реализација уште им течат, рокот им се продолжува за онолку дена колку што рокот за реализација бил стопиран за времетраење на вонредната состојба, и тоа почнувајќи од денот на престанокот на вонредната состојба.

Бабовски испрати апел апликантите да ги запазат роковите до кога треба да ги завршат своите инвестиции, бидејќи како што рече, создадени се сите возможни услови и предуслови за да може успешно и целосно да се финализираат отпочнатите проекти.

Министер за шумарство, земјоделство и водостопанство, Трајан Димковски, кој исто присуствуваше на посетата ба компанијата „Којаконеја“, истакна дека самата инвестиција на оваа компанија е уште еден показател за широкиот спектар на финансиска поддршка што го нуди ИПАРД 2 програмата. Во овој случај како што рече, користена е мерката 7 за диверзификација на фарми и развој на бизниси.

– Оваа компанија е успешен пример за искористеноста на можностите што ги мерката 7 за инвестиции во неземјоделски производи. Од тоа што го видовме и не запознаа сопствениците на компанијата финансиската поддршка ја користеле за изградба на производствен погон, поставуавње соларни фотонапонски панели и набавка на опрема за производство на производи од дрво, рече Димковски.

Тој додаде дека вкупна вредност на инвестицијата е 54,3 милиони денари, од кои 33,7 милиони денари е финансиска поддршка од ИПАРД 2 програмата. За сега, појасни Димковски, суровината ја користат за производство на конструкција за гарнитури. Мерката диверзификација на фарми и развој на бизниси, според Димковски, има навистина широка примена и нуди поддршка на најразлични инвестиции во земјоделството.

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска при денешната посета на компанијата рече дека ИПАРД програмата е навистина корисна програма која директно вложува во развој на земјоделието но и на компаниите кои имаат домашно производство. Со тоа, додаде таа, тие стануваат конкурентни на европскиот пазар, но и во регионот заради тоа што имплементираат европски стандарди во своето производство.

– Искуството што оваа компанија го има и она кое што ние денеска можеме да го видиме во пракса покажува што значи Европската Унија и европските програми за нашата држава, нашето земјоделство и за нашите компании. Тие во пракса искажуваат едно искуство кое значи инвестиција но и искористување на зелена енергија за производство кое што тие го прават во оваа компанија. Тоа директно влијае и на животната средина во нашата држава но и за развој на економијата, рече Царовска.

Next Post

МЗ демантира дека Комисијата за заразни болести била против отворање на границите

Најново

Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk