Ексразузнавачот и советник за безбедност на премиерот, Зоран Заев, Зоран Верушевски, ја тужи државата за двата неосновани притвора со кои беше во затвор 11 месеца во 2015 година за случајот „Пуч“ и обвинението за неовластено поседување оружје. Оштетното побарување на Верушевски е 4 милиони и 104 илјади денари или приближно 71 илјада евра, пренесе Макфакс.
„Мотивот на оваа правна иницијатива е да се заокружи личната семејна голгота која ми ја наметна државата со конструкција без преседан во историјата на државата. Бев неосновано обвинет за најтешки дела од велепредавство и шпионажа до монструозно обвинение поврзано со педофилија и лична дискредитација“, рече вознемирен Верушевски пред судијката Јехона Садику.
Тој кажа дека сите оние кои му го скроиле ова се надвор од лицето на правдата, алудирајќи на обвинителството и полицијата.
„Ниту бегството на поранешниот премиер не беше доволно, сите инволвирани во вакви злоупотреби да бидат изведени пред лицето на правдата“, кажа поранешниот разузнавач и дополни дека сака да верува оти ваквите злоупотреби ќе бидат последни.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, го товареше ексразузнавачот Зоран Верушевски за неовластено прислушување и тонско снимање, шпионажа и насилство спрема претставници од највисоки државни органи