ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Сугарески: Годината ќе ја завршиме со над 500 километри обновени патишта

Досега изградивме, рехабилитиравме и реконструиравме 770  километри патна мрежа со вкупна вредност од преку половина милијарда евра. Оваа година ќе ја завршиме со преку 500 километри рехабилитирани патишта, од кои најголем дел регионални патишта кои биле заборавени и не беа рехабилитирани со децении

October 28, 2019 15:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градежните активности за унапредување на патната мрежа во државата насекаде се одвиваат со силно темпо, оцени министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по увидот во работите на делницата од магистралниот пат Гостивар – Кичево. Според него, годинава ќе заврши со над 500 километри обновени патишта, пренесува МИА.

– По увидот во работите на патниот правец Здуње – Гостивар, забележливо е дека градежните работи се одвиваат со добра динамика и очекуваме до крајот на ноември патот да биде завршен. Нашата цел е да создадеме квалитетна патна мрежа низ целиот западен дел на земјата, која ќе овозможи економски развој и брза врска од Скопје кон Охрид и Струга. Досега изградивме, рехабилитиравме и реконструиравме 770  километри патна мрежа со вкупна вредност од преку половина милијарда евра. Оваа година ќе ја завршиме со преку 500 километри рехабилитирани патишта, од кои најголем дел регионални патишта кои биле заборавени и не беа рехабилитирани со децении, изјави министерот Сугарески.

Ваквиот тренд, како што нагласи Сугарески, ќе продолжи и во следната година и планирано е да се изврши рехабилитација и реконструкција на дополнителни 450 километри регионални и магистрални патишта низ државата, како и 70 милиони евра за изградба и санација на локални патишта и улици низ општините.

– Заради тоа апелирам и очекувам од локалните самоуправи да ги подготват проектите и навреме да поднесат за да почне од март април идната година започне нивната реализација со што значително ќе се подобри патната мрежа во нивните општини, подвлече Сугарески

Next Post

Втор инвестициски оглас за доделување државно земјоделско земјиште под закуп

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk