-Сработивме за 2,5 години работи кои тие не успеја да ги завршат за 11 години централна власт и речиси 12 години локална власт во најголемиот дел низ општините во државата, рече носителката на ИЕ 5 од коалицијата Можеме, Радмила Шекеринска, на трибината во Охрид.
Таа издвои дека конечно армијата добила нови униформи, нови чизми и поголеми плати.
„Минатата недела добивме најпосле нови униформи за секој припадник на нашата армија, обезбедивме за 2,5 години заради силната поддршка предводена од Зоран Заев комплетно нова реалност за нашата НАТО Армија. Обезбедивме 50 до 60% повисоки плати за секој, обезбедивме нова униформа, обезбедивме нови чизми и ова во ниту една демократска држава на која сакаме да личиме ова не би било вест, ова е нормално ама кај нас не беше нормално оти 11 години тоа не успеја да го направат, 11 години заборавија на армијата. Во моментот кога излеговме и кажавме еве и овој проблем го решивме, нови плати, поголеми плати, нови униформи, нови чизми рекоа ех се фалите со едни униформи. Па ако беа толку лесни да се решат како проблем имаа 4 пати повеќе време тоа да го направат.“, потенцира Шекеринска на трибината од Охрид.