Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се обрати на граѓанскиот собир во Охрид, заедно со носителката на пратеничката листа во ИE 5, Радмила Шекеринска и Лазе Танески, еден од кандидатите од Охрид.
„Охрид е нашето богатство и нашата гордост и верувам дека сите ќе опстоиме да ги вратиме природните убавини согласно критериумите на УНЕСКО. Јас верувам дека Законот и овде ќе важи еднакво за сите без разлика кој е приврзаник на СДСМ, ВМРО или воопшто не го интересираат партии. Затоа што Охрид, драги Охриѓани е ваш нај повеќе, но и наш на струмичани, на скопјани и на кумановци и на тетовци и на цела наша Македонија.“, порача Заев.
Осврнувајќи се на сработеното во изминатите две и пол години во Охрид, тој истакна дека денес СДСМ покажува дека е поинаква од ВМРО-ДПМНЕ.
„Една милијарда е поддршката кон компаниите и тоа директно со програмите за финансиска поддршка на инвестиции поврзани со работни места. Да отвораат работни места за Охрид и охридскиот регион. Дополнително, една милијарда е помошта сега со пакетот од 14.500 денари поддршка за минимална плата.“
„Дополнителна една милијарда е и директната помош само кон Охрид, Проаква и колекторот. 500 милиони денари ја раздолживме општината, следни 500 милиони денари се преземањето на долгот од Проаква изградбата на колекторот. Една милијарда шајки се тоа во Охрид за сметка на ниту еден денар за 11 години за Охрид на оние другите,“ додаде Заев.
На крајот, претседателот на СДСМ Зоран Заев порача, на 15 јули, на изборите кои ќе бидат 100% безбедни по здравјето, граѓаните ќе изберат светла иднина со заокружување на бројот 3 за победничките листи на СДСМ и коалицијата „Можеме“ и да ја испратат во минатото обновата на режимот што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ.