Слободанка Алексовска од ВМРО ДПМНЕ, открива дека Мицкоски сепак добро се познавал со бизнисменот Орце Камчев, иако тој неуспешно се обидува да ја лаже јавноста дека нема никаква врска со него.
Истото Мицкоски го тврдеше и за Кичеец, дека наводно не се познавале и немале соработка, но аудијата потврдуваат сосема спротивно.
На последната аудио снимка објавена на интернет јасно се слуша како Мицкоски на Кичеец и Алексовска им се жали дека го посетувал Камчев, но дека сигурно е снимен како со колата влегува во неговиот дом затоа што во тој период Камчев бил под ПИ мерки и го следеле надлежните органи.
Од денешната снимка уште еднаш се подтврдува дека Мицкоски и Кичеец се во блиска релација според содржината на аудиото, но сега се потврдува и дека Мицкоски не само што имал контакт со Камчев, туку имале и средби на приватни локации што говори за нивната блискост и соработка. После ова е јасно зошто Мицкоски со месеци нема одговорено на прашањето дали Орце Камчев ги финансира изборните кампањи на ВМРО ДПМНЕ, она што СДСМ многу пати го праша на прес конференција. Исто така, сега е појасно дека долгот на ВМРО ДПМНЕ од 400 000 евра во кампањата за Гордана Силјановска Давкова сепак има врска со фирмите на Орце Камчев.
После ваквите аудио снимки кои недвосмислено потврдуваат дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, имал постојани и блиски средби со Кичеец и Камчев, многу е лицемерно и понижувачки кон народот, опозицијата да се обидува случајот „Рекет“ да го поврзува со Зоран Заев и СДСМ.
Практично, човекот кој се среќавал со двајцата директно вмешани во рекетот на Боки 13 и Катица Јанева, се обидува да ја манипулира јавноста и вината да ја префрла кај СДСМ. Но, од денеска се знае кој можел да има врска со случајот „Рекет“, само оној кој имал врска со Камчев и Кичеец.
Д.Е.