Генералниот секретар на СДСМ и носител на листата на ИЕ 3, Љупчо Николовски, при својата посета на Пробиштип ја истакна важноста на инвестициите во регионот, патната поврзаност, а со тоа и економскиот развој.
Ова е патот Крупиште-Пробиштип. Душата ми се полни кога гледам како се гради и се развива регионот.
Со овој проект, жителите на Пробиштип ги поврзуваме со Штип, со Кочани, со граничниот премин со Бугарија, кај Делчево, но и со експресниот пат преку Штип со Скопје. Вака се развива економијата, со поврзување на луѓето и стопанството. Ова го правиме за сите нас и за нашите деца и внуци.
Се гордеам со овие вредни луѓе кои работат неуморно на високите температури! Им симнувам капа.
Се поздравивме и поразговаравме. Се потсетивме како изгледаше истокот во минатото и каква трансформација доживува сега. Да сте живи и здрави и ви благодарам што ме удостоивте со вашето внимание, напиша носителот на листата на СДСМ за ИЕ 3, Љупчо Николовски.
А. Н. С.