ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Спасовски на средба со млади во Ѓорче Петров: Незаменливи сте и ќе имате европска иднина дома

Над 14.000 млади се вработија или обучија со активните мерки, следува поврат на пари од данок за нововработени

June 26, 2020 19:36
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Носителот на листа во изборната единица 2, Оливер Спасовски попладнево се сретна со млади во скопската општина Ѓорче Петров каде најави уште поголема поддршка на младите луѓе.

Една стратешка цел целосно реализиравме – членството во НАТО. Втората стратешка цел е отпочната – одлука за почеток на преговорите со ЕУ. Интеграциите донесоа повеќе пари и ќе донесат уште повеќе, до 2024 година, ќе отвориме 80 проценти од поглавјата кон ЕУ, тоа ќе значи 2.5 милијарди евра од европските фондови. Сето ова се шанси и за младите, да сте конкурентни на европски нивоа за образование, вработување, со европски плати, посочи Спасовски.

Тој рече дека досега се отворени многу можности за младите.

Целта ни е да ве мотивираме да работите и живеете во родната земја. Ако нешто недостига можеме да го набавиме, но вие, младите луѓе, сте незаменливи за државата. Денеска се исплаќа за месец мај Младинскиот додаток од 3.000 денари, за млади до 23 години што работат во производство и во земјоделство. Станува збор за вкупно 3.117 млади кои добиваат по 3.000 денари по овој основ. Исплатени се од декември досега 55 милиони 481 илјада 220 денари, за оваа намена.

Преку Младинската гаранција, во 2018 година беа вклучени во разни обуки и практики 5.266 млади, од кои 1.923 се вработија и тоа зборуваме за период од првите четири месеци откако влегле во евиденција. Во 2019 година, 20.302 млади биле вклучени во такви обуки и пракси, а 6.036 се вработени.

Во 2020 година, заклучно со 10 јуни, значи за само 6 месеци, 8.173 лица се обучени по разни основи, од кои 1.971 се вработени. Нашата држава е прва земја која не е членка на ЕУ, а го спроведува овој проект Младинска гаранција за млади до 29 години. Или, вкупно, Активните мерки за вработување, каде освен Младинската гаранција влегуваат и разни добиени грантови, обуки, ИТ вештини, помогнале на над 14.000 млади до 29 години да најдат работа или да се квалификуваат за соодветно работно место побарувано на пазарот на трудот. 5.412 лица директно се вработиле, а 8.991 лице преку оваа мерка поминале подготовка за потенцијално вработување, додаде Спасовски.

„Што имаше во претходните години освен народен грабеж, закани, уцени, газење по достоинството на луѓето?!“, праша Спасовски.

Тој оцени дека можеме уште повеќе и уште подобро, но мораме да продолжиме по правиот пат.

Во Програмата на СДСМ, предвидуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години. Парите ќе одат дитректно на сметка на младите. Ние, почитувани млади сме за иновативна Македонија. Се обрзуваме во Програмата на СДСМ дека ќе создаваме средина во којашто младите ќе го јакнат претприемачкиот дух, иновациите и креативноста. Ќе продолжиме да градиме општество кое поттикнува почитување на талентите и вештините.

Многумина од вас се насочени кон работа во ИТ секторот. Во Програмата се обврзуваме на дигитализирана држава, балканска ѕвезда водилка на дигитализацијата. Градиме дигитална инфраструктура што ќе ни ја вивне државата меѓу конкурентите и модерните држави. Ова е време на нова дигитална револуција со што се штедат времето и парите на граѓаните со што ги праќаме шалтерите во историјата, рече, носителот на листа Спасовски, на средбата со младите во Ѓорче Петров, најавувајки европски услови за живот и европски животен стандард во нашата држава.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се оставени сами на себе – цените растат, стандардот опаѓа

May 15, 2025
Фото: ВИ

Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид

May 15, 2025
Фото: Скриншот

Напаѓачот на Нотингем Форест се разбуди од кома по операцијата

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk