ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Спасовски: Mандатoт треба да е посветен на интересот на граѓаните, кампањата е финишот

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ покажа во изминатиот период дека државата може да излезе од време на режим кога беше заглавена во времето кога Мисајловски и Мицкоски беа на чело на државата, да ја демократизираме, да ја донесеме да стане членка на НАТО Алијансата, да ги отвориме преговорите да стане членка на ЕУ, едноставно тоа е опција која нуди сигурност, јасна перспектива, јасна визија, наспроти тоа имаме опција која што е за враќање на режимот.

June 26, 2020 21:35
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter
Ова е голем предизивк за сите, и за политичките партии учесници во кампањата, предизвик и за државата заради тоа што се спроведува во вонредни околности, и оваа кампања треба да биде пред сѐ во интерес на здравјето на граѓаните, да останеме доследни на почитување на мерките, и притоа да овозможиме да имаме фер и демократски избори, вели Спасовски.

Разлики постојат многу, прво заради тоа што опцијата која што јас ја застапувам, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ покажа во изминатиот период дека државата може да излезе од време на режим кога беше заглавена во времето кога Мисајловски и Мицкоски беа на чело на државата, да ја демократизираме, да ја донесеме да стане членка на НАТО Алијансата, да ги отвориме преговорите да стане членка на ЕУ, едноставно тоа е опција која нуди сигурност, јасна перспектива, јасна визија, наспроти тоа имаме опција која што е за враќање на режимот.
Политичката кампања пред изборите е само финишот од она што треба да го направите претходно, значи целиот мандат треба да биде посветен на интересот на граѓаните, во целиот мандат мора да имате визија што сакате да направите, морате да бидите храбри да носите одлуки коишто ќе бидат од интерес за граѓаните, кој што ќе ја остваруваат таа иднина и перспектива за граѓаните, мора да остварите проекти коишто ќе значат подобар живот за нив, да инвестирате во инфраструктура.
Ние тоа го направивме во изминатиот период, ги решивме сите проблеми, имаме соседство со кое што се измиривме, го вративме кредибилитетот на нашата земја надвор, како ценета држава, ја вративме демократијата, слободата на медиумите, вложивме многу во економијата, градевме во инфраструктурата, и сето тоа практично секој ден е реализација на некој проект, релазација и вложување во иднината.
Ова е само финиш за да можеме да сумираме што сме направиле во мандатот, но и да направиме сѐ за да ја претставиме новата програма, а новата програма се темели исто така на вложување во развој, просперитет, економија, поинаква држава од таа што ја имаме денес, понапредна, поуспешна со задоволни граѓани, вели Спасовски.
Next Post

Заев и Касами: Едно општество за сите е вредност што обединува, на народот му е преку глава од квазинационализми

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk