ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев и Касами: Едно општество за сите е вредност што обединува, на народот му е преку глава од квазинационализми

Претседателот Заев се осврна и на политичката понуда во шестата изборна единица и порача дека Коалицијата „Можеме“ ќе оствари убедлива победа и во оваа изборна единица.

June 26, 2020 21:50
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Се додека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се реформираат и европеизираат, ќе останат долго време во опозиција, кога ќе се реформираат, тогаш ќе можеме да се бориме на политички мегдан, посочи претседателот Заев вечерва пред граѓаните на Тетово.

Во недостиг на економска понуда, понуда за иднината. Ете и ДУИ се враќа кон национализмот и ја навредува интелигенцијата на граѓаните. Зарем не знаат дека се прочитани? Па и тие губат од ваквите уценувачки политики. Граѓаните се тие кои кажуваат кој ќе биде пратеник, кој ќе биде министер, а кој премиер. Ние во СДСМ имаме Албанци и пратеници, градоначалници и министри, немаме проблем и за премиер и за претседател, но тоа е одлука која на крајот ја носат нашите граѓани, порача Заев.

Затоа, крајно време е, додаде Заев, ДУИ да прејде во опозиција, по 17 години на власт здраво е за државата, здраво е и за ДУИ, само на тој начин ќе се реформираат, бидејќи партиите се реформираат во опозиција.

Претседателот Заев се осврна и на политичката понуда во шестата изборна единица и порача дека Коалицијата „Можеме“ ќе оствари убедлива победа и во оваа изборна единица.

Слушајте ми го зборот, зборот е збор, во шеста изборна единица ќе го победиме ДУИ, во шеста изборна единица ќе ја победиме Алијанса и Алтернатива, во шеста изборна единица ќе имаме најмалку двојно повеќе пратеници од ВМРО – ДПМНЕ затоа што тоа е иднината, затоа што едно општество е тоа што е нашата Македонија, затоа што на народот му е преку глава од квазипатриоти и од квазинационализми, заклучи Заев.

Пред присутните свое обраќање имаше и Билал Касами. Претседателот на Движењето БЕСА, дел од Коалицијата „Можеме“, кој истакна дека овие избори се одлична можност да се сруши и последната алка од режимот а тоа е политичката партија ДУИ.

Успеавме да го срушиме режимот, но свесни сме дека тој режим не падна целосно, односно едната алка, а тоа е ДУИ се уште остана и затоа оваа Коалиција ќе го даде последниот удар врз остатоците од режимот и државата и граѓаните конечно целосно да се ослободи од тој режим, порача Касами.

Next Post

Села: Нема да има отпуштање на административците, ќе ги поставиме на соодветни работни места

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk