ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Мото протестен караван против одлуката на Управниот суд за рудникот Иловица-Штука

June 27, 2020 16:05
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Со караван од патнички моторни возила активистите против отворањето на Рудникот Иловица-Штука го искажаа својот протест. Со звуци на сирените, македонски знамиња и со мото „Управен суд ја искриви, Виш управен да ја исправи“, стотина возила поминаа низ две маршрути низ градот. Според организаторите, целта на протесното собирање е изразување на незадоволство од пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката на Второстепената владина комисија за одбивање на дозволата за работа на концесионерот „Еуромакс“.

-Ние сакаме некој да не слушне и да стави точка на сета ова работа. Ние не се закануваме, затоа што е дојдено времето. Ако некои работи не поминале со убаво и со зборување, тогаш некои работи треба да се стават на виделина и да видиме кои сме, што сме и кои работат за доброто, а кој за злото на народот. Во секоја партија има поединци кои се замешани во тоа. Тоа е јавна тајна и треба да се расчисти. Тоа зло мора да прекине, рече Стојан Велков Трн од Здружението „Здрава котлина“.

Според Милена Зафирова пресудата на Управниот суд била донесена без знаење на јавноста.

-Тројцата судии од Управниот суд замижаа пред сите неправилности, пред сите пробивања на рокови од страна на инвеститорот и одлучија за таква пресуда и притоа ја криеја од граѓаните. Нашите активисти требаше да ја најдат пресудата на канадски сајтови и дури по еден и пол месец, под огромен притисок од јавноста, решија да ја објават на официјалниот сајт на Управниот суд, рече Милена Зафирова од „Здрава котлина“.

Додаде дека ќе продолжат понатаму и доколку не ја заврши работата државниот правобранител, кој е адвокат на државата и не поднесе жалба, а Вишиот управен суд не ја реши состојбата, тогаш немале друг избор освен да ја бараат правдата пред меѓународните судови.

-Граѓаните многу пати досега се изјаснија преку референдуми и 98 отсто од луѓето кои излегоа на референдум беа гласни и одлучни и рекоа дека рудници во југоисточниот регион нема да има, додаде Зафирова.

Протестот заврши во центарот на градот со говор на активистиката Оливера Аризанова Мансбарт.

Со реакција на денешниот протест со изјава за медиумите се огласија од „Еуромакс“ и притоа истакнуваат дека Рудникот Иловица-Штука нема да ги загадува почвата, водата и воздухот.

Next Post

Заев: На 15 јули расчистуваме со остатоците од режимот во судството

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk