Времето во Република Северна Македонија ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР, а пренесе МИА.
Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 19 до 26 степени.
Во Скопје сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 23 степени.
Во среда облачноста ќе се зголемува. Промена на временската состојба со значително опаѓање на дневната температура ќе има во четврток и во наредните денови, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд.