ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Шекеринска: За 2,5 години 60% повисока минимална плата – Јанушев: ДПМНЕ ќе ја покачи за 25 %

June 27, 2020 23:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

За само две и пол години направивме пресврт таму каде многу малку се надеваа. Почнавме за првпат не само да зборуваме, тука да покажуваме само поправична држава може да биде добра држава, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Кичево.

„Целиот изминат период ни говореа дека тоа е невозможно. Ние покажавме дека со срце, со душа кога ќе се зафатиш со работата небото е крајот. Се сеќавам пред две и пол три години кога рековме минималната плата во нашава држава е срамно ниска, и ќе ја покачиме. ВМРО-ДПМНЕ велеше нема шанси, ја затекнавме минималната плата на 9 илјади денари и тоа не за сите, во текстилот и во кожарската индустрија беше и пониска, за само две и пол години минималната плата ја покачивме два пати од 9 на 14.500 денари, и не застануваме, затоа што плата е право за достоинствен живот“ нагласи Шекеринска.

„ Кога велевме минималната плата ќе расте, ВМРО-ДПМНЕ велеше ако тоа го направите 100 илјади луѓе ќе останат без работа, ние го направивме, бевме храбри првпат, бевме храбри и вторпат. И денеска минималната плата е речиси 60 % повисока од таа што ни ја оставија, а создадовме нови 60 илјади работни места“, истакна Шекеринска.

Таа додаде дека кога пред две и пол години рековме парите ќе ги враќаме кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ беше и против тоа, гласа против сите проекти кои значеа дека парите од нивни џебови или од некој други бели палати ќе заминуваат во семејните буџети на нашите граѓани, велеа нема шанси, покажавме дека може.

„ Покажавме дека може да се укине радиодифузната такса, покажавме дека може да се врати евтината тарифа, покажавме дека може дел од ДДВ-то четири пати годишно да се враќа кај граѓаните и денеска паднаа во вода нивни тези дека не може, сега велат малку е. Што било една радиодифузна такса да ја укинеш, а ич, нагласи Шекеринска

Ако беше малку имаа 11 години зошто не ја укинаа радиодифузната такса, ако евтината тарифа е малку, зошто не ја вратија. Ако „Мој ДДВ“ како што велат само 3 илјади денари во тромесечјето било, ако е и тоа малку зошто тие не го направија. Ако ги враќаа парите кај граѓаните макар по толку денес секое семејство во нивните 12 години ќе имаше 12 илјади евра, е не е малку, нагласи Шекеринска.

Кога денес ВМРО-ДПМНЕ зборува за поголеми плати, пензии вратете го назад филмот како 100 пати велат дека не може, не ги ценете ги според зборот туку по тоа што го направија, порача Шекеринска.

Носителот од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 3 Игор Јанушев, при денешната средба со граѓаните во Виница рече дека на граѓаните им е доста од сите лаги и манипулации на власта и дека сите граѓани заслужуваат посветла и попросперитетна иднина.

Јанушев во своето обраќање порача дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да работи за доброто на сите односно се обврзува за повисоки плати од 25 проценти или за 6.500 денари повеќе за сите, повисоки пензии за 20 проценит или повеќе од 3 000 денари повеќе за секој пензионер, како и за намалување на невработеноста под 10 проценти, враќање на рамниот данок и негово намалување на 8 проценти.

„На ова мора да му дојде крајот. Затоа, на овие избори ќе имаме двојна задача – прво да ја поразиме корона пандемијата, и да ја поразиме пандемијата на криминал и корупција, тоа се СДСМ и Заев“, истакна Јанушев.

ВМРО-ДПМНЕ, нагласи тој има кадри кои можат и знаат како треба.

„Свесни сме дека само со работа и труд ќе си го вратиме достоинството кое сега ни е погазено повеќе од било кога до сега . 15 јули е датумот кога ќе кажеме крај на оваа погубна епоха за Македонија и на демократски начин ќе ги испратиме во пензија сите погубни политичари“, потенцираше тој.

Д.Е.

Next Post

Чорапи - дел од промотивниот мaтеријал на ВМРО-ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk