ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Мицкоски се обидува со разговори помеѓу трети лица да ме инволивира, ама не му успева

June 28, 2020 13:34
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Чуден е овој Мицкоски и неговите околу него. Знаете како, секаде тој се слуша во едни други бомби како тој договара, како прави криминал, како заштитува криминалци, како го осптруира носењето на Законот за јавно обвинителство, како редовно прима пари за финансирање на партија и на кампања и тоа го покажува грдото лице, одговори денеска во Штип лидерот на СДСМ, Зоран Заев на новинарско прашање за новата бомба, која утринава е објавена за станбен простор во Бутел.

Тој посочи дека  преку оваа бомба од друга страна, опозицијата се обидува со разговори помеѓу трети лица да го инволвираат.

– Заев работел чесно, Заев работел поштено, Заев покажал комплетна посветеност за својот народ, за својата земја. Уште еднаш ќе испратам порака до сите дека сето ова што власта го правеше во целиот овој период е конкретно видливо и докажливо. Сето она што го зборува опозицијата е бла, бла, ништо повеќе. Требаше храброст за да падне режим – 2015 видоа храброст, требаше храброст да го обединиме нашето мултиетничко општество, да го создадеме концептот „Едно општество за сите“ за да денеска имаме мирни духови – еве им храброст, вели Заев.

Забележа дека требаше храброст да се решат споровите со Грција и Бугарија , кои 30 години беа отворени и на тој начин, какошто рече покажавме храброст.

-Требаше храброст за стратешките цели на државата – членство во НАТО и одлука за почеток на преговорите – покажавме храброст. И додека сите овие стратешки прашања ги решававме ја кренавме економијата од  минус 1,8 на 3,6, рече Заев.

Лидерот на СДСМ, Заев денеска од Штип порача дека како партија покажале и докажале оти има пари за сите и какошто рече инвестираат во човечкиот капитал, во човечките ресурси, а не во споменици, стиропорни фасади, жални врби, музеи и што ли уште не од глупости на коишто се нагледавме.

-Ја дигнавме слободата, слободата на говорот, ја вративме демократијата во нашата земја. Само тоа е важно и тоа е видливо и тоа се факти, вели Заев.

Додека опозицијата може да го обноват само режимот и им препорача да си ја обноват својата партија наместо да се трудат да  ја обноват татковината.

Next Post

Филипче: Болниците во земјава почнуваат да ја нормализираат работата

Најново

Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026
Фото: NASA/Jessica Meir

НАСА: Артемис II ги исполни клучните цели, следува Артемис III

April 21, 2026
Madonna i Sabrina Carpenter. Фото: Скриншот, видео Coachella 2026

На Мадона ѝ исчезнале модни парчиња по настапот со Сабрина Карпентер на фестивалот Коачела

April 21, 2026
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Договорот за крај на војната со Иран изгледаше блиску. Потоа Трамп почна да објавува на социјалните мрежи

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk