Во видео обраќањето од Иловица, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и кандидат за пратеник во ИЕ4, порача дека додека СДСМ е на власт рудник за злато во Иловица нема да има.
Костадинов истакна дека ние веќе ги имаме нашите рудници и нашето злато.
„За нас рудници се нашите ниви, нашето злато се нашите производи.
Разликата е јасна.
Гласот за СДСМ е глас за здрава и чиста животна средина, глас за силно земјоделие.
Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за отворање на рудникот, глас за газење врз достоинството на земјоделците.“ рече Костадинов.
Ј. Ѓ.