ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

СДСМ: Од што ќе гради Дурловски фиктивни патишта? Од провизијата од 200.000 евра за 27 април и обид за убиство?

Јавноста заслужува одговор на овие прашања! Ти претендираш да ги застапуваш граѓаните во македонското собрание. Или таму си за секој случај, прашуваат од СДСМ во реакцијата кон Дурловски, носител на листа на ИЕ 5 за ВМРО-ДПМНЕ.

June 29, 2020 11:14
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
На официјалната страна на Социјалдемократскиот сојуз објавено е соопштение упатено кон кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за пратеник, и амнестиран организатор на нападите од 27 април, Игор Дурловски за неговите предизборни ветувања од својата таканаречена програма, која испадна дека и сам не ја знае.

Срамно е што Дурловски претендира да ги претставува жителите на својот роден град Битола, а притоа да не ја познава основата на својата таканаречена програма.Што точно Дурловски сака да гради? Пат врз постоечкиот пат? Патишта кои ние за само три кратки години ги изградивме и рехабилитиравме? Од што ќе ги градиш Дурловски овие фиктивни патишта? Од провизијата од 200.000 евра за упад во собранието и обид за убиство на пратеници?

Јавноста заслужува одговор на овие прашања! Ти претендираш да ги застапуваш граѓаните во македонското собрание. Или таму си за секој случај?

Дозволи да те потсетиме ние што направивме:

Изградивме и рехабилитиравме 7 патни правци, во должина од 38 км, во вредност од 4,322,601 евра.(Битола –Новици, Обиколница на Битола, Р1101 Кл. Крклино-Влез Битола-Братин Дол, Лозани-Вашерејца, Бистрица – Драгош, Скочивар-Коњарка, Битола-Демир Хисар)

Тампонирање на улици во с.Кишава, уредување на улици и пат до црквата во с.Драгарино, Кикуречани, Раштани, Крклино, Драгарино; Санација и реновирање на улиците во с.Поешево, Логоварди; санирање на полски патишта во с.Габалавци; осветлување и асфалтирање на улиците во Г.Оризари.Реконструкција на 14 улици во АРМ 1 и АРМ 2 во вредност од 155,000,000 денари. Асфалтирање на улица Широка во вредност од 3,300,000 денари. Асфалтирана улица Леринска во вредност од 2,500,000 денари. Реконструкција на дел од Бул. Први Мај – нов коловоз и водовод и канализација со вкупна вредност од 3,397,444 денари) ,

Имаме и 43 проекти во тек (поплочување на пешачки патеки, сообраќајна сигнализација, тротоари, реконструкција и поправки на улични коловози, мостови и полски патишта во рурални средини). Ова е затоа што знаеме и можеме. Што можеш ти Дурловски, стои во соопштението од СДСМ како одговор на ветувањата на Дурловски, и тоа од неговата родна Битола.

Next Post

Николовски: Мицкоски да каже уште кој, освен Камчев, незаконски ја финансирал ВМРО-ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk