ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Царовска вети минималната пензија од 10.700 денари, Мисајловски најави покачување од 20 %

June 29, 2020 23:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Носителката на листа на кандидати за пратеници на коалицијата „Можеме“ во Изборна единица 1, Мила Царовска вечерва се сретна со пензионерите од Аеродром и Центар. Таа најави зголемување на минималната пензија на 10.700 денари ако СДСМ освои нов мандат, но и потсети што направила Владата предводена од СДСМ  изминатиот период да го реформира пензискиот систем.

„Како министерка за труд и социјална политика наследив целосно срушен пензиски систем којшто ако не го реформиравме ќе беше доведена во прашање не само исплатата на пензиите на сегашните пензионери, туку и на идните прнзионери. Вие како пензионери добро знаете како ВМРО-ДПМНЕ дрско манипулираше со пензионерите и ад хок, надвор од законската рамка незначително ги зголемуваше пензиите.Како одговорна партија којашто се грижи за сите граѓани, СДСМ покажа дека се грижи и за повозрасните. Во јануари годинава ги зголемивме пензиите на 324 илјади пензионери за 722 денари. Ова зголемување влегува во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец што значи дека за една година пензионерите ќе добијат дополнителни околу 9.000 денари на своите сметки, коишто влегуваат во основицата на пензиите и дополнително законски ги усогласуваме”, рече Царовска.

Ова зголемување, додаде, ќе влезе во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец што значи дека за една година пензионерите ќе добијат дополнителни околу 9.000 денари на своите сметки.

Царовска кажа дека со последната пензиската реформа е исправена неправдата којашто претходната власт им ја нанела на 12.000 лица.

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 2, Владо Мисајловски денеска се обрати пред граѓаните на Ѓорче Петров.

„Дали сакате да имаме подобра иднина и нашите деца да останеме тука во Македонија во Ѓорче Петров или да имаме свиткана кичма дали треба Гоце Делчев да биде Бугарин, дали треба македонскиот јазик некој да го прекрсти. Дали треба некој повторно да си игра со овие прашања. Се надевам на разум кај сите партии. Независно кој од која партија е ние на сите ќе помогнеме. Нема да ги двоиме луѓето на наши и ваши, имаме заеднички проблеми. Но сите што погрешиле ќе си одговараат. Правда мора да има за секој. Јас сум од Ѓорче Петров, од нашето и вашето Ѓорче Петров, од Република Македонија. Така ќе остане. Ние не мразиме никој и ќе помогнеме на сите ние сме различни од нив”, нагласи Мисајловски.

„Да победиме, да победи Република Македонија. Да победи Обновата. Да имаме 20 % зголемени пензии, да има поголеми плати, многу млади луѓе да се вработат. Тоа е Обновата, да шириме позитивна енергија. Јас чувствувам обврска кон секој од вас и по изборите ви ветувам ќе останам тука за вас”, изјави Мисајловски.

Next Post

Чулев со службено возило на средба со граѓани во Долно Лисиче

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk