Твитер профилот @DenicaMMM (очигледно лажен профил) е преполн со твитови со експлицитен говор на омраза, високо изразен национализам и поттикнува нетрпение од сите форми.
Џабирци ШИПТАРИШТА мразат Македонци до коска и единствена БОЛКА и СТРАВ им е ВРАЌАЊЕТО на ВМРО.
Треси се пизда ти материна! https://t.co/2KStEAWwRD— Марга (@DenicaMMM) June 29, 2020
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, меѓу другите твитови со срамни содржини забележува дека овој лажен профил (бот) се бави и со етничкото потекло на составот на тимовите на организацијата.
ЦИВИЛ, како организација за човекови права, во своето долгогодишно работење секогаш е отворена за сите што имаат отворен ум, активистички дух, неприкосновено исправени пред заканите и притисоците, без предрасуди, борци за човекови права, правда, слобода и еднаквост, а тоа се гледа и од богатсвото од разновидност од идеи, активизам, работа, посветеност и човечност кај своите безбројни членови и поддржувачи од сите заедници, како што впрочем може да се види од најуспешниот спој на различностите на едно место, во нашата земја.
Ваквите шовинистички шкрабања со очигледна намера за дискредитација и омаловажување по етничка основа, се неприфатливи во ниту еден дел од организацијата.
ЦИВИЛ бара од надлежните институции, особено од Министерството за внатрешни работи да преземат итни чекори за разоткривање на овој лажен профил и да го санкционираат согласно законот, бидејќи говорот на омраза не смее да помине неказнето. И не само овој профил, туку сите профили кои шират говор на омраза на социјалните мрежи, кои можат да поттикнат нетрпеливост и насилство.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ