Во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19.
4 лица се починати, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2.475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557, соопшти министерот Филипче на својот профил на Фејсбук.