Насер Зибери ги повика своите македонски политички противници на јавна дебата на ТВ: граѓаните заслужуваат демократска дебата за идеите и иднината на земјата.
„Сега е време да ги презентираме нашите програми, нашите идеи, нашите визии, нашите концепти пред граѓаните на Северна Македонија“, рече Зибери.
„Затоа, би сакал да ја искористам оваа можност да ги поканам двајцата
мои конкуренти за премиерската функција на ТВ дуел. ТВ дуелите меѓу
кандидатите за Премиер се важен сегмент во демократските држави насекаде
низ светот.“ истакна Зибери.