„Денес соседите отворено зборуваат за македонски јазик и македонски народ, договорите со соседите, Грција и Бугарија, ги потпишавме на македонско кирилско писмо. И затоа нека не врти Мицкоски инека се изјасни конкретно, дали и како ќе ги поништи договоите со Грција и Бугарија, но и да каже дали со тоа го поништува членството во НАТО на нашата држава. Дали ќе правиме нови кавги со соседите со поништување на договорие или ќе одиме напред кон Европа.“- му реплицираше Зоран Заев на Христијан Мицкоски во телевизиското соочување.
Заев го потсети Мицкоски дека едно зборува надвор, а друго дома.
„Вие Мицкоски на средби со бугарските авторитети им велите договорот е во ред, но пред домашната јавност го тврдите спротивното. Европа денес зборува за нас, ги поздравува нашите политики. Договорот со Бугарија има за цел да не направи пријатели. И прашањето за Гоце Делчев ќе го надминеме. За мене Делчев е Македонец, борец за човекови права, идеолог, но имаме стручни комисии кои ќе донесат научни заклучоци.“ – дополни Заев, правејќи разлика помеѓу интегративната политика на СДСМ и деструктивната на ВМРО ДПМНЕ.
Д. Е.