За неполни 24 часа од промоцијата на муралот кој пренесува порака за солидарност и заедништво, истиот е уништен со пораки на говор на омраза, пишуваат од Акто Фестивал на нивната Фејсбук страна.
-АКТО и Народен Театар Битола како и пошироката локална и национална уметничка заедница на огромно задоволство ги прими колегите од колективот КУРС од Белград да работат во нашиот град и да пренесуваат пораки на заедништво, солидарност и пркос кон национализмот и ксенофобијата.
За жал, сведоци сме дека општеството се уште е загадено со национализам и нетрпеливост кон различностите.
Ги повикуваме надлежните да ги пронајдат сторителите на овој вандалски чин.
Ние ќе продолжиме да се бориме за праведно општество за сите.
Борбата за вредности продолжува, пишува во нивната објава.