ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Спасовски: Успешни избори и побрзо формирање на институциите за поуспешен старт на преговорите

July 2, 2020 14:25
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Оливер Спасовски смета дека е потребно да се спроведат што поуспешни избори на 15 јули, а потоа и побрзо да се формираат институциите за да имаме поуспешен старт на преговорите за пристапување со ЕУ.

-За нас е важно сега да имаме фер демократски слободен  процес кој што ќе заврши на 15-ти и што е можно побрзо да се формира новата влада. Заради тоа што формирањето на владата ќе придонесе да се забрза целиот овој процес на започнувањето на преговорите. Сите подготовки се направени околу тимовите кои што треба да ги водат преговорите во институциите. Меѓутоа сметам дека одговорност пред нас и пред граѓаните стои што е можно да бидат поуспешни изборите и што е можно побрзо да се формираат институциите на државата и на системот и да можеме добро да се справуваме со здравствената и економската криза и второ да можеме да имаме успешен старт на преговорите за членство со ЕУ, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање на заедничка прес-конференција со шефот на дипломатијата Никола Димитров, откако вчера Европската комисија ја достави предлог Преговарачката рамка на разгледување во Советот на ЕУ.

Запрашан за пописот Спасовски изјави дека очекува после изборите и формирањето на парламентот и на политичка влада сите овие прашања кои оправдано или неоправдано се одолговлекувале изминатиот период да бидат реализирани меѓу кои и пописот кој како обврска влегува во првиот пакет – фундаменти од рамката за преговори со ЕУ.

-Тоа е важно не само заради преговорите, туку и за економскиот развој на државата и следењето на демографските состојби. Многу прашања кои ни се поврзани со преземањето на конкретни чекори во креирање на политики, во реализација на тие политики. И нашиот став е познат како Влада дека ние навистина посакуваме да се организира попис и го сметаме за исклучително статистичка операција во кој што ќе ги добиеме сите можни параметри, врз основа на кои ќе можеме да градиме свои политики за развој на државата, а тоа ќе биде и основата која е потребна за почнување на прегворите со ЕУ, рече Спасовски на новинарско прашање и за тоа дали ќе биде потребен консензус за пописот како статистичка операција./МИА/

Next Post

КЗБ утре ќе расправа за граничниот режим со Србија и Косово

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk