ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска ги посети полицискиот центар „Ѓорче Петров“ и СВР Тетово

July 2, 2020 18:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дополнителната заменичка министерка на МВР, Славјанка Петровска денеска им се заблагодари на припадниците на Единицата за брзо распоредување и на посебните единици на полицијата на нивниот ангажман и професионализам во борбата со КОВИД 19 и порача дека претстои уште еден предизвик, а тоа е спроведувањето на фер и демократски избори.

– Чест ми е што во Министерството за внатрешни работи работат професионални и одговорни припадници како што сте вие. Она што денес го видов од припадниците на Единицата за брзо распоредување и Посебните единици на полицијата е само мал дел од она за што сте обучени и сте подготвени да го демонстирате. Во иднина усовршувајте ги вашите способности, посакувам да не треба никогаш да ги примените, а секогаш кога ќе ги примените, да бидете победници. Инвестирањето во опрема и средства за работа е инвестирање во безбедноста и стабилноста на државата, затоа што вашите животи немаат цена, Грижата за условите во кои работите е обврска на политичарите, исто како што е ваша дожност да ги чувате државата и граѓаните и тоа одлично го исполнувате, рече Петровска при денешната посета на Одделот за специјални полициски операции при МВР во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

Додаде дека како Министерство се соочуваат со уште еден предизвик, а тоа е организирањето и спроведувањето на фер и демократски избори.

– Ве повикувам да го покажете својот личен и професионален интегритет и при постапувањето да се темелите на законски издадени наредби, притоа строго почитувајќи ги правилата на хиерархија и полициско постапување, порача Петровска.

Во рамки на работните активности, Петровска денеска го посети и СВР Тетово и полициската станица за безбедност на патниот сообраќај каде што оствари работни средби со раководството, а во фокусот на разговорите беа активностите и подготвеноста на полициските службеници во пресрет на претстојниот изборен процес.

Next Post

До средината на следната недела локално невреме со дожд, грмежи и ветер

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk