Обвинителката Вилма Русковска во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да мафта со документи за кои тврди дека се од истрагата „Рекет“, таа му се јавила на телефон за неговите изјави дека има сознанија за многу други случаи. Но, тој и рекол дека не изјавил баш така, пренесе Фокус.
-Пред да мафта со тие работи, го побарав на телефон затоа што имаше изјавено дека никој не го викнал во ОЈО а тој знаел и за други случаи. Го прашав за кои случаи има сознанија, рече дека тој тоа не го кажал. Го прашав дали има сознанија за други луѓе од кои биле барани пари, рече ќе размисли. Без презафатена со други работи. Јас сум сигурна дека нема да сака да помогне, но не ја исклучувам можноста да биде повикан, рече Русковска.
Шефицата на организираниот криминал Вилма Русковска во денешното гостување во 24 Отворено, го објаснуваше предметот „Рекет“ и одговараше на прашањата во врска со телефонскиот разговор што наводно Кичеец го имал од затворската келија.
Не, затоа што мислам дека се уште не се готови вештачењата на тие телефони.“ – рече Русковска.
„Додека не го видам вештачењето не сакам да погодувам.“ – рече Русковска.
Во врска со чантата Луј Витон на Катица Јанева, таа изјави дека чантата е пронајдена кај Јанева имала иницијали КЈ и дека не е истата чанта од фамозната снимка со Боки 13 и Кичеец.
Русковска потенцираше дека кртот од кој протекле исказите на обвинетите, се уште не е откриен.
„Исказите за кои се води постапка се дефинитивно од оние докази што ние во фотокопија ги дадовме во судот заедно со наредбата за истрага и предлогот за притвор за двајцата осомничени. Се гледа дека е снимено од фотокопија, а кај нас во обвинителство се оригиналните. Не знам од кој суд излегле.“ – рече Русковска.