ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

На секој нов дуел Мицкоски има сѐ помалку одговори

Заев во дуелот набројуваше успеси од изминатите три години, наведе дека државата е членка на НАТО, дека започнуваме преговори со ЕУ, дека минималната плата е зголемена за 60 отсто, дека е зголемена просечната плата и уште некои други факти, на што Мицкоски одново возврати дека тоа што го зборува Заев не е точно. Знае Мицкоски дека е точно, ама не ја прифаќа вистината.

July 7, 2020 09:42
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предизборниот телевизиски дуел на Зоран Заев и Христијан Мицкоски стандарден, лидерот на СДСМ низ аргументи повторуваше јасни ставови во однос на стратешките државни прашања, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ остануваше со сѐ помалку одговори. Колку и да се обидуваа Заев и водителот да изнудат став од Мицкоски за двата клучни документа кои на државата и го отворија европскиот пат, Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија, сепак опозиционерот повторно не се изјасни.

Заев го потсети Мицкоски на настапите на неговата носителка во првата изборна единица, Гордана Силјановска Давкова, која лани во трката за претседател, во обид да добие повеќе гласови, ги дефинирала договорите како завршена работа, а година потоа, како учесничка на претстојните парламентарни избори, најавува дека ќе ги ревидира, поништи и што ли уште не, потврдувајќи ги своите националистички ставови.

И по ова Мицкоски остана без став за какви ги смета договорите со двете соседни држави и како планира да се однесува кон нив во иднина, особено ако стане премиер. Неговото неизјаснување практично потврдува дека Мицкоски уште нема расчистено дали навистина се заложува за влез на земјата во Европската Унија, или и тој го продава истиот филм од Никола Груевски, само декларативно манипулира, а во пракса ништо не презема. Ако ВМРО ДПМНЕ верува во тоа што го напишала во изборната програма дека влезот во ЕУ е стратешка цел тогаш мора да ги почитува и спроведува договорите со Грција и Бугарија затоа што без нив нема напредок на државата. Ако ВМРО ДПМНЕ има план дека ќе застане зад договорите, како гарантори на европската иднина, тогаш зошто Мицкоски не го соопштува ставот? Сигурно се плаши дека ќе ги загуби и тие гласови кои ги има, од кои голем дел се уловени на национализмот и лажниот патриотизам што го шири.

Затоа на Мицкоски му е полесно сега да извртува тези за договорите и да купува гласови со тоа што ќе ги негира, при тоа свесен дека утре, ако седне во владата, ќе мора да ги прифати договорите такви какви што се, па и да ги спроведе до крај. Секако дека мисли оти после од позиција на премиер полесно ќе му биде да им признае на граѓаните дека сепак, договорите се единствениот пат до Брисел, нешто кое сега не би го кажал ни во сон.

На дуелот во МРТВ Мицкоски на неколку пати одговорите ги започнуваше со тоа дека изнесените податоци од страна на Заев се неточни, иако тие податоци се точни и лесно се проверува нивната веродостојност. На пример, на сите им е јасно дека името на државата е Северна Македонија, но жителите се Македонци, а јазикот е македонски, тоа го признаа и ЕУ и ООН, но кога тоа го изнесе Заев пред јавноста, Мицкоски се прави наудрен и пак повторува како на лента дека Заев го продал јазикот и идентитетот.

Понатаму, Заев  во дуелот набројуваше успеси од изминатите три години, наведе дека државата е членка на НАТО, дека започнуваме преговори со ЕУ, дека минималната плата е зголемена за 60 отсто, дека е зголемена просечната плата и уште некои други факти, на што Мицкоски одново возврати дека тоа што го зборува Заев не е точно. Знае Мицкоски дека е точно, ама не ја прифаќа вистината.

На крајот, Мицкоски не сакаше да одговори кои се тие три компании кои ќе инвестираат во државата уште во првите 100 дена од новата влада, па се доби впечаток дека не ја зборува вистината. Пак му го повторија прашањето кој тоа ќе инвестира, ама Мицкоски пак не одговори. Затоа Заев конкретно ги кажа имињата на компаниите со кои преговараат, со што се занимаваат и колку пари ќе инвестираат. Овие четири компании се дел од најавените милијарда евра инвестиции на СДСМ за следните четири години.

Ова беше последното телевизиско соочување на двајцата лидери, претенденти за премиер, во кампањата, но дали и последен настап на Мицкоски на кој не соопштува ставови за важни прашања? Тоа тешко.

Од соработничката екипа на Фронтлајн

Next Post

Заев на Утрински брифинг: Во шестката ќе ги победиме ДУИ, Алијансата и ВМРО ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk