ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Ковид-19 ја намалува вредноста на американскиот пасош

Иако пасошот на САД е рангиран на седма позиција, после земји како Јапонија, Сингапур, Јужна Кореја или Германија, Американците сега имаат иста слобода на движење како Мексико и Уругвај (рангирани на 25. и 28. место соодветно).

July 7, 2020 14:21
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пандемијата предизвика значаен пад на вредноста на пасошот на САД се дознава од индексот на најпосакувани пасоши на Henley & Partners со кој се оценува слободата на движење на носителите на патни исправи.

Во индексот, патната исправа на Северна Македонија е рангирана на 47 место и носителите на македонски пасош може да патуваат без виза во 124 земји.

Индексот ги следи промените во секое тромесечје и во пракса, како што истакнуваат од Henley & Partners, бројот на достапни дестинации каде не треба виза значајно се разликува и зависи од тоа колку земјите се справуваат успешно со пандемијата.

Индексот не ги зема предвид ограничувачките мерки воведени од владите поради пандемијата, но ја актуелизира новонастанатата ситуација во пост-Ковид-19 свет, кога слободата на движење на граѓани на некои земји, како САД, Бразил и Русија, каде пандемијата не стишува, ќе биде сосема намалена.

Забраната за патувања на државјани на САД во ЕУ поради неспособноста на Вашингтон да се справи со епидемијата стапи на сила на 1 јули. Иако пасошот на САД е рангиран на седма позиција, после земји како Јапонија, Сингапур, Јужна Кореја или Германија, Американците сега имаат иста слобода на движење како Мексико и Уругвај (рангирани на 25. и 28. место соодветно).

Доколку во ова тримесечје ситуацијата не се промени, вредноста на американскиот пасош драстично ќе се намали.

Во ЕУ засега може да влегуваат државјани од само 15 земји. Бразил Русија се во истата категорија на земји како и САД за кои границите на ЕУ остануваат завторени. Границите на ЕУ засега остануваат затворени и за Северна Македонија, а патната исправа на нашата земја е рангирана на 47. место во индексот, со 124 земји каде може да се патува без виза./МИА/

Next Post

(ВИДЕО) Со цитати од македонските поети Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев и СДСМ

Shortcut

Најново

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk