ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

КОВИД-пандемијата не стивнува, болничките капацитети доволни за прием на пациенти

Од почетокот на епидемијата, вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава изнесува 7.572, бројката на оздравени пациенти е 3.624, додека на починати 362.

July 10, 2020 07:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Тројца починати и нови 168 регистрирани случаи, беше вчераниот КОВИД биланс во земјава. Пандемијата не стивнува, надлежните уверуваат дека болниците имаат доволно капацитет за да ги примат пациентите.

Досега се направени вкупно 72.690 тестирања, а моментно, бројот на активни случаи е 3.586.

И покрај сознанијата на СЗО дека коронавирусот се пренесува и преку воздух, се уште не се препорачува носење маска на отворено, при возење велосипед или во лифт.

-Во болниците има доволен капацитет за сместување ковид пациенти, а празна е и модуларната болница. Повторно има под 100 пациенти  во ГОБ „8 Септември“, на Клиниката за инфективни болести се уште има слободни места и во сите други инфективни одделенија има доволен број слободни места. Нешто помалку има во Охрид и во Битола, но тоа се менаџира со секојдневната комуникација сосем добро и во другите градови, рече вчера министерот за здравство, Венко Филипче.

На Инфективната клиника, според вчерашните податоци за последните 24 часа, биле примени девет пациенти, а вкупно се хоспитализирани 92. На кислородна поддршка се 62 пациента, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, две деца позитивни и три суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ се примени 16 пациенти, хоспитализирани се 94, додека на респираторна машина се четворица. Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип 47. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

– Прашање е колку може вирусот да издржи во воздух и дали трансферот се прави со капки или може да лебди. Тоа е една голема непозната. Во секој случај, маската како надополнување на држењето дистанца согласно потврдените сегашни сознанија е доволна мерка. Нема некој заболен кој ги почитувал мерките, така како што се сега димензионирани. Во таа смисла, оваа мерка е сосема соодветна, напомена министерот.

Тој вчера, на својот фејсбук профил напиша дека повеќе од 20 дена имаме стабилен број  хоспитализирани пациенти. Процентот на хоспитализирани од активни случаи не надминува 12, а речиси две недели е стабилен и бројот на активни.

-По појавата на вториот силен бран на коронавирусот наш највисок приоритет беше и останува да го заштитме здравствениот систем, да не ги оптеретиме болничките капацитети, а секој хоспитализиран пациент да ја добие потребната нега и грижа, наведе министерот i уште еднаш апелира да се почитуваат мерките – носење маска, држење дистанца, редовна хигиена и дезинфекција на рацете

Според него, многу е важно да се има увид во вистинската епидемиолошка слика за земјата поради што ќе се продолжи со актуелниот пристап на дијагностицирање со кој се откриваат и асимптоматски ностители на коронавирусот.

– Не може само да се гледа апсолутната бројка на дијагностицирани пацинети зашто е многу битно како се стигнува до таа бројка, дали се прави широко тестирање или индикација дури и за контактите на заболените кои епидемиолозите одредуват дека се со висок ризик. Кога тие не би ги тестирале, нема да откриеме толкав број на асимптоматски носители. Апсолутната бројка ќе падне, можеби ќе се дозволи влез во некои други земји, но нема да имаме увид во вистинската епидемиолошката слика во нашата земја. Ќе дозволиме да се случи пропуст, да шетаат луѓе кои се асиптоматски носители на вирусот и кои ќе ја шират заразата. Затоа остануваме на овој принцип. Бројката ништо не значи, мора да се знае колкав процент од новодијагностицираните треба да бидат или се во болница, колку се со лесна клиничка слика и колку се асиптоматски, објасни Филипче.

Коментирајќи ја владината одлука која ги обврзува државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ при влез во земјава да приложат негативен PCR тест не постар од 72 часа, Филипче рече дека е донесена согласно сознанијата за корона ситуацијата кај нив, со цел заштита на нашите граѓани.

-Тоа е национална политика. Ние ова го правиме за да ги заштитиме нашите граѓани. Нашата одлука беше врз основа на  медицински епидемиолошки податоци со сознанија за ситуацијата со епидемијата во овие земји. Така ја донесовме препораката. Утрото беше дискутирано на Комисија и го предложивме тоа на Владата врз основа на сознанијата, информациите кои се темелат на тоа дека голем процент од вкупно направениот голем број на тестови се позитивни, што значи дека вирусот во овие земји е широко раширен. Дополнитлено на тоа се и информациите за преполнети болнички одделенија во повеќе градови, рече министерот.

На новинарско прашање во врска со последната владина Уредба донесена во вторникот, тој потенцира дека на работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка.

Од почетокот на епидемијата, вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава изнесува 7.572, бројката на оздравени пациенти е 3.624, додека на починати 362.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
foto; GEORGI LICOVSKI

Уште три дена предизборната кампања, и „Можеме“ и „Обнова“ ветуваат по 15-ти јули доаѓаат најдобрите четири години

НАЈНОВО

Кина гради џиновски ветерни турбини отпорни на тајфуни

October 8, 2025

Пораст на златото за 54% од почетокот на годината

October 8, 2025

Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk