ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Деркоски: Граѓаните масовно да гласаат и да не се плашат за своето здравје

July 10, 2020 10:48
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал, а деновиве се врши и дезинфекција на сите гласачки места во државата, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.

Деркоски како прв човек на ДИК утрово лично вршеше увид на дистрибуцијата на доверливиот материјалот за гласање што ќе се користи на претстојните вонредни парламентарни избори, а е изработен од АД печатница „Киро Дандаро“ – Битола.

– Материјалот ќе биде доставен до сите општински изборни комисии, а тие пак во текот на утрешниот ден материјалот ќе го достават до избирачките одбори. Процесот се одвива непречено и со одлична организација, а тоа значи дека се ќе за заврши во предвидениот рок. Подготовките на ДИК за целиот изборен процес се одвиваат непречено, посебно сме посветени во делот врзан со заштитата на здравјето на граѓаните и ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал маски, за да и оние граѓани кои не можат да купат или не носат заштитна маска од кои било причини, сепак да добијат заштитна маска, да гласаат и да го остварат своето право на глас, истакна Деркоски.

Деркоски посочи на мали проблеми поврзани со барањето за изземање на здравствени работници и нивно откажување за учество на гласањето што ќе се спроведе во понеделник, но тие проблеми како што рече се надминуваат и се ќе се одвива според роковникот и уредбата со законска сила.

Во печатницата АД „Киро Дандаро“-Битола изработени се 1.814.263 гласачки ливчиња со висок квалитет и со 20 форми на заштита без никава можност за фалсификат, потврди директорот на печатницата во овој град Драги Милошевски.

-Гарантираме за високата заштита на избирачкиот материјал, кусо изјави Милошевски.

На претстојните вонредени парламентарни избори процесот на гласање ќе биде организиран на 3.390 избирачки места, информираа од Државната изборна комисија.

Next Post

Новите еколошки автобуси од ЈСП пуштени во сообраќај

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk