– Зоран Заев со име и презиме од седиштето на политичка партија објавуваше прислушувани разговори па така ние слушнавме на кое дереџе сме паднале. Овие сега се објавуваат некако од страна, ова денес дали беше од паника, дали беше од брзање но не го пишале во текстот „мрш“. Тој вели „мрш“, ама не го избришале од лентата, изјави Никола Димитров Кандидатот за носител во изборната единица 1 од коалицијата „Можеме“ во вечерашната телевизиска дебата на Телма.
Значи зошто не излезете вие како што ве личи во „белата палата“ со име и презиме и зборувајте за бомбите што сега ги слушаме низ кампањава?“ – ја запраша Димитров г-ѓа Силјановска, кандидатка на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.