ДЕНЕСКА гласаат 716 лица со Ковид-19 и во самоизолацијa Утре ќе гласаат болните, немоќните, хронично болните, лицата во затворите, во старските домови и во домашен притвор.
ПОЧНА гласањето на десетите парламентарни избори, петти предвремени, право на глас имаат 1.814.263 граѓани. Денеска се спроведува гласањето за лицата позитивни на Ковид-19 и во самоизолација, во 57 општини каде што имаше пријавено лица.
АКТИВНИ 3.526 случаи на заразени со Ковид-19, оздравеле 4.203 лица
ДОНАЦИЈА во медицински материјал од Норвешка, наменета за полската болница Rolle 2, а реализирана преку НАТО Агенцијата за поддршка и набавки ќе биде предадена денеска во касарната Илинден во Скопје.
НАД 13 милиони заразени од коронавирус во светот. Од Ковид-19 досега починале 571.660 луѓе, додека 7.578.093 се излекувале.
ВРЕМЕТО денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, преку денот најизразен ќе биде во источните делови на земјава и долж Повардарието.
Ј. Ѓ.