ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ССМ: 15 јули неработен за сите работници, ако се работи да се пријави во ДИТ и да се исплати надомест

Член 148 од Законот за работните односи уредил дека работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата за државните празници, коишто се определени како слободни денови од работа и за другите со закон определени слободни денови.

July 14, 2020 16:22
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикатите на Македонија укажува дека 15 јули 2020 година, денот на парламентарните избори, од страна на Владата е прогласен за неработен ден за сите граѓани на целата територија на државата и истиот нема да се одработува.

Согласно Уставот на државата секој граѓанин со наполнети 18 години се стекнува со избирачко право кое го остварува на слободни избори.

Член 148 од Законот за работните односи уредил дека работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата за државните празници, коишто се определени како слободни денови од работа и за другите со закон определени слободни денови.

Доколку производниот процес се одвива непрекинато, работодавачот е должен писмено да го извести подрачниот државен инспектор на труд.

Сојузот на синдикатите на Македонија укажува на тоа дека согласно член 24 став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа  зголемена за 50% како и член 28, став 1, алинеа 5 „Работодавачот на работникот му исплатува надомест на плата за – празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис“.

За сите работодавачи кои ќе го злоупотребат ова право на работниците, ССМ по  пријава од работниците, ќе бара тие работодавачи да бидат најстрого санкционирани (казнети) од страна на надлежните инспекциски служби./МИА/

Next Post

Филипче: Денес регистрирани 135 нови заболени со коронавирус и 142 оздравени лица

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk