ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МЗ: Матичните лекари добија заштитна опрема, секој дипломиран доктор со лиценца почнува со пракса која месечно се плаќа

Согласно измената на Законот за здравствена заштита од јануари минатата година, секој дипломиран доктор на медицина кој се стекнал со лиценца веднаш почнува со шест месечна пракса која првпат му е платена со 30.000 денари месечно.

July 14, 2020 17:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство соопшти дека е изненадено од денешниот протест на матичните лекари и причините кои се наведуваат за истиот, односно наводен игнорантски однос на власта и наводно непостоење поддршка од системот за матичните лекари, од почетокот на пандемијата до денес.

Матичните лекари од првиот ден на епидемијата добија медицинска заштитна опрема и покрај тоа што Министерството нема никаква обврска да ги снабдува со истото. Министерството им донираше на матичните лекари хируршки маски и платнени заштитни маски. Матичните лекари се приватни здравствени установи (ПЗУ-а), а набавките се обврска на самата установа. Подготвениот алгорирам за индикација за тест за Ковид-19 е изработен со цел да ја олесни работата на матичните лекари и да обезбеди унифициран пристап. Истиот апсолутно не ја комромитира експертизата на матичните лекари, кои од самиот почеток се целосно вклучени во системот на дијагностика, следење и третман на пациентите со Ковид-19, истакнуваат од Министерството.

Во однос на обезбедување помош од млади колеги, посочуваат од Министерството, согласно измената на Законот за здравствена заштита од јануари минатата година, секој дипломиран доктор на медицина кој се стекнал со лиценца веднаш почнува со шест месечна пракса која првпат му е платена со 30.000 денари месечно.

Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа. За илустрација, пред само неколку дена Министерството за здравство извести дека во јули 66 доктори на медицина го положиле стручниот испит и се стекнале со лиценца за работа од Лекарската комора. Министерството за здравство стапи во контакт со сите 66 ново лиценцирани доктори на медицина, а повеќе од половината од нив изразија желба да работат со ковид пациенти, стои во соопштението.

Во однос на барањето на матичните лекари да имаат претставник во Комисија за заразни болести од Министерството појаснуваат дека согласно член 59 од Законот за заштита на население од заразни болести „Министерот формира комисија за заразни болести како советодавно тело. Членовите на Комисијата од став 1 на овој член се избираат за време од четири години од редот на истакнати стручњаци од епидемиологијата, инфектологијата, микробиологијата, педијатријата, ветерината и други специјалности“, а сите членови во Комисијата за заразни болести во актуелниот состав се претставници од јавно здравстени установи.

Во врска со последната точка за стопирање на реформи кои наводно се спроведуваат во сред пандемија, од Министерството за здравство потенцираат дека реформата не започнува од 1 јули 2020, туку на истата се работи од крајот на 2018 година, а дискутирана е повеќе пати пред претставници на сите здруженија на лекарите од примарна здравствена заштита.

Од Министерството појаснуваат дека станува збор за унапредување на шифрарникот на здравствени услуги, кои ги реализираат избраните лекари. Основата на новиот модел е дополнување на променливиот дел од капитацијата преку препознавање, евидентирање и вреднување на работата на избраниот лекар. Овие здравствени услуги, избраниот лекар ги даваше и досега, но истите не беа препознаени и евидентирани во елктронски систем со соодветни шифри. Во моментот новина е само начинот на евидентирање на здравствените услуги кои лекарите ги вршат. Главна цел на реформите е да се воведе модел на плаќање на примарната здравствена заштита, кој ќе придонесе кон обезбедување на сеопфатна примарна здравствена заштита од страна на здравствените работници на примарно ниво, со истовремено подобрување на квалитетот на примарната здравствена грижа. Процесот е поддржан од Светската здравствена организација, а е според препораки од претходни истражувања и процеси спроведени од страна на глобални агенции и домашни организации (Светската банка, УНФПА, ХЕРА итн.).

За потсетување, минатата година за 15 отсто се зголеми капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, педијатрија, гинекологија и стоматологија, стои во соопштението од Министерството за здравство./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во САД, првпат по 17 години спроведена смртна казна за тројно убиство од 1996 година

НАЈНОВО

Филипче до Максим Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

October 8, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Мелони со закон против бурки и никаби на јавни места во Италија

October 8, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Договорот за Газа е блиску, можеби ќе го посетам Блискиот Исток во текот на викендот

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk