Маршот организиран на повик на здравствените синдикати, поддржан од жолти елеци, доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата, јави дописникот на МИА.
Неколку илјади луѓе демонстрираа на денот на националниот празник на Франција – 14 Јули во Париз, на повик на неколку синдикални организации, вклучувајќи ги ЦЖТ и Солидер, како и меѓу болничкиот колектив, кои бараат повеќе ресурси за болниците.
En marge du #14juillet dédié aux #soignants, ils sont plusieurs centaines à défiler de la République à la place symbolique en ce jour de la #Bastille : soignants, syndicats et #giletsjaunes #BastilleDay pic.twitter.com/q7U2OEWR1p
— Thibault Izoret (@TIM_7375) July 14, 2020
Кога демонстрантите се движеа кон познатиот плоштад, избувнаа првите тензии.
Меѓу демонстрантите, некои дојдоа од собирот организиран од „жолтите елеци“ пред Генералниот полициски инспекторат (ИГПН – полиција на полицијата) за да го осудат полициското насилство, во присуство на некои од личностите на движењето повредени за време на демонстрациите. На демонстрациите беа присутни генералниот секретар на ЦЖТ, Филип Мартинез, пејачот Франсис Лалан и пратеникот на Непокорна Франција Ерик Кокерел.
? EN COURS – La #manifestation des #soignants se tend à l’arrivée sur la Place de la Bastille à #Paris. Plusieurs gendarmes sont obliger de reculer sous la pression de la foule, gaz lacrymogènes utilisés en nombre. (@AnthonyDepe) #14juillet #BastilleDay pic.twitter.com/7R6CI8H0W1
— Anonyme Citoyen (@AnonymeCitoyen) July 14, 2020