ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дневна состојба со Ковид-19 во светот

July 14, 2020 19:35
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 13.334.768 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 577.848 , а оздравеле 7.781.373 луѓе.

-Повторно висока двоцифрена бројка на новозаразени е забележана во Албанија во последното деноноќие,во кое зголемен е и бројот на болните на кои им е неопходно болничко лекување. Од тестраните 451 сомнителен случај, позитивен резултат е добиен кај 96 лица, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 3.667,од кои оздравени се 2.026, починале 97 а активни на болеста се 1.507, од кои пак 90 се хоспитализирани во Инфективната клиника,што е најголема бројка досега. Поради зголемиот број на лица со потешка здравствена состојба, веќе е подготвено болницата „Шефќет Ндроќи“ повторно да стане болница Ковид2. Оваа болница располага со 152 легла, а како што рече министерката Оргета Манастирлиу, која состојбата во болниците ја оцени како сериозна, во подготовка се уште две болници, кои располагаат со вкупно 500 легла.

– Во последните 24 часа во Германија се потврдени 412 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, така што вкупниот број на заразени во таа земја се искачи на 199.375. Четири лица починаа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 9.068.

– Во изминатите 24 часа, коронавирусот беше потврден кај уште 6.248 лица во Русија, со што се зголеми вкупниот број заразени лица во оваа земја на 739.947. Руските власти потврдија дека уште 175 лица починале од Ковид-19 вчера, или 11.614 од почетокот на пандемијата. Русија моментно се наоѓа на четвртото место во светот по бројот на заразени со вирусот, зад САД, Бразил и Индија.

– Во последните 24 часа во Австрија се регистрирани 73 нови случаи на инфекција со коронавирус, а едно лице почина. Повеќето од новозаразените, овој пат, после долг период, веќе не се во Горна Австрија, туку во Виена, каде се регистрирани 38 нови инфекции. Во Горна Австрија има 20, додека во другите провинции бројот е едноцифрен – шест во Салцбург, по четири во Стирија и Тирол и еден во Форарлберг. Во Австрија моментно има 1.163 активни пациенти, од кои 83 се во болница и девет на интензивна нега. Бројот на смртни случаи е 709.

– Бројот на заразени со вирусот во Бугарија достигна 7.411, откако во претходните 24 часа беа регистрирани 159 нови случаи. Во истиот период има осум нови смртни случаи со што вкупниот број на смртни случаи од таа болест е 276.Најголем број на нови случаи на заразени има во главниот град. Меѓу медицинскиот персонал во текот на вчерашниот ден, вирусот е потврден кај 18 лица, а таа категорија пациенти има вкупно 529 случаи.

– Уште 187 случаи на коронавирус се потврдени во последните 24 часа во Косово од кои во Приштина, 92, по што следат Пеќ и Ѓаковица со 12 и Липљан со 11. Бројот на активни случаи е 2.640. Од почетокот на епидемијата во Косово вкупниот број на позитивни случаи е 5.118. Вкупно 108 пациенти починале од Ковид-19.

– Во БиХ, Република Српска и Федерацијата на БиХ, вкупно 189 лица се заразени со вирусот во последните 24 часа. Само во Федерацијата на БиХ, 139 луѓе од 1.166 тестирани примероци се тестирани позитивно, објави Федералниот институт за јавно здравје. Во моментов има 2.239 активни случаи, а досега се пријавени 84 смртни случаи. Во последните 24 часа се пријавени три смртни случаи. Во Република Српска, претходно беше објавено дека 50 лица се позитивни на вирусот.

– Во Белгија не се пријавени смртни случаи во последните 24 часа, за првпат од 10 март.Бројот на заразените во Белгија е намален со воведување мерки за затворање што сега се ублажуваат. Вкупниот број на смртни случаи пријавени од белгискиот Институт за јавно здравје е 9.787. Земјата е дом на 11,5 милиони луѓе, што значи дека околу 850 луѓе починале на милион жители, што е најлошата рамнотежа во светот по Сан Марино. Во последните седум дена дневниот просек беше 95, што сепак е пораст од 11 проценти во однос на претходната недела. Од почетокот на епидемијата се заразени вкупно 62.781 луѓе.

– Во последните 24 часа, во Словенија се регистрирани 10 нови случаи на заразени врз основа на 1.218 тестирани примероци. Од почетокот на епидемијата, во државата се заразени 1.859 лица. Во Словенија во моментов има 260 активни случаи на коронавирус. Немаше смртни случаи во изминатиот ден, досега има 111 смртни случаи./МИА/

Next Post

ЕУ ќе ги избрише Србија и Црна Гора од листата безбедни земји поради раст на новозаболени лица со Ковид-19

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk