ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Галевска за „Титаник“: Незаконски беа издавани лични карти

Галевска при директното испрашување од обвинителката Лиле Стефанова наведе дека заедно со началници од другите општини била повикана на разговор во 2012 година кај тогашниот шеф на кабинетот на минсистерот за вантрешни работи Кире Тодоровски каде им било кажано дека ќе треба да се издаваат лични карти.

October 31, 2019 15:45
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јадранка Галевска поранешен началник на Одделот за управни работи денеска при сведочењето за случајот „Титаник“ посочи дека незаконски биле издавани лични карти, најголем број  во општините каде тогашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ имала најслаб рејтинг, пренесе МИА.

Галевска при директното испрашување од обвинителката Лиле Стефанова наведе дека заедно со началници од другите општини била повикана на разговор во 2012 година кај тогашниот шеф на кабинетот на минсистерот за вантрешни работи Кире Тодоровски каде им било кажано дека ќе треба да се издаваат лични карти.

-Во ниту еден момент не помислив дека позади тоа се случува нешто друго. Како што се сеќавам тогаш во просторијата влезе накратко  и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и само праша дали се е во ред, раскажа Галевска.

Таа наведе дека отприлика по десетина дена повторно остварила средба со Кирил Тодоровски и го прашала како ќе се одвива целата работа по што тој и образложил дека ќе доаѓаат лица од Преспа  и ќе им се издаваат лични карти, а за сето тоа за контакт ќе биде Мунир Пепиќ, кој лично ќе доаѓал кај неа, а со цел да не им ги прислушуваат телефонските разговори.

-Кога го прашав дали тоа ќе ни биде поткрепено со потребната документација тој рече да, но ќе носат по 20-30 лица. Јас веднаш изреагирав, бидејќи тоа ми создаде сомнеж. Многу е сомнително да влезат 20-30 лица во просторија во која постојано има циркулација на луѓе, многу ќе биде приметно. На тоа тој ми рече не смееш да се мешаш, тоа е висока политика, сведочеше Галевска.

Таа истакна дека веднаш и станало јасно дека е вовлечена во игра и дека тоа нема да заврши, наведувајќи дека многу била исплашена за нејзината безбедност, како и за безбедноста на нејзиното семејство.

Раскажа дека нашле лица од доверба што ќе го спроведуваат процесот на кои им објасниле за што станува збор.

-На почетокот мене Кирил преку СМС порака ми испраќаше адреси и кога доаѓаше Мунир Пекиќ, јас му ги давав зашто тие требаше да се стават на лицата кои ќе бидат донесени, по 20-30 лица на иста адреса. Веќе по втората порака му се јавив и му реков дека е претерано и дека не може да се издржи. Продолжија да се носат лицата и Мунир Пекиќ  носеше адреса, истата за сите 20-30 лица кои ќе дојдат дента.  Од време навреме се интересирав што се случува кога ги избројавме над 500-600 лични карти беа дадени незаконски, раскажа Галевска.

Како што кажа, во тој период протекле информации  во медиумите за случајот, Јанкулоска наредила да се направи контрола, но по извршувањето на увидот  не биле пронајдени никакви незаконски дејства.

Во случајот „Титаник“, ссвен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Next Post

Понудено решение за примена на Законот за отпис на камати за неплатени сметки

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk