ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Антикорупциска ја запре постапката за избор на ректор на УКИМ

July 17, 2020 17:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната 35 седница Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го запре предметот оформен по сопствена иницијатива за постоење на сомневање за прекршување на член 8 од Изборниот законик, во постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, пренесува МЕТА.

Комисијата утврдила дека поради состојбата со корона вирусот, нема основни услови за доставување на уредбата до Ректоратот и до ректорот, што е еден од основните услови за понатамошно постапување според законските прописи.

Според ДКСК, направен е обид да се достави уредбата на лице место, но Ректоратот бил затворен поради Ковид–19.

Минатиот месец, прекин на постапката за избор на ректор побара Независниот академски синдикат (НАкС), кој поднесе претставка до Државниот просветен инспекторат (ДПИ). Од Синдикатот го повикаа ДПИ да постапи и по претходни претставки поднесени од НАкС и од Антикорупциска комисија, што се во врска со постапките за избор на Ректор и Сенат на УКИМ, како и да се спроведе вонреден инспекциски надзор на Универзитетот. Причината за тоа беше што и покрај владината уредба за стопирање на изборот додека трае вонредната состојба, постапката продолжила.

Претходно на почетокот на јуни, владата одлучи да го стави во мирување изборот на нов ректор на УКИМ, по реакциите на дел од кандидатите за избор на оваа функција и од Независниот академски синдикат (НАкС). Владата појасни дека според член 5 од Уредбата за Законот за високо образование, органите на универзитетите на кои мандатот им истекува за време на вонредна состојба, мандатот и постапките за избор треба да ги продолжат, започнат, во рок од 30 дена од завршување на вонредната состојба. А, дејствата што се преземени претходно, се сметаат за неважечки.

Оваа одлука беше поздравена од НАкС и оценета дека со неа се заштитуваат демократските принципи на универзитетите и здравјето на академската заедница.

На утврдената листа за избор на ректор на УКИМ, кандидати се проф. д-р Јане Ацевски и на проф. д-р Коле Василевски од Шумарскиот факултет, проф. д-р Драги Димитриевски од Земјоделскиот, проф. д-р Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет, проф. д-р Вујица Живковиќ од Факултетот за физичко образование, проф.д-р Петар Атанасов од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и кандидатурата на актуелниот ректор – проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, стои во текстот на МЕТА.

Извор: МЕТА

Next Post

Преглед на вести во 18 часот: Нова влада по Илинден, запрен изборот на ректор на УКИМ, до ДИК стигнале 5 приговори и барање за увид...

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk